05 Декември, 2025
0.2697

Освоила 10 милиони на лото, потрошила до цент!

Објавено во: Стил 07 Април, 2013 17:29

Добивај вести на Viber

Иако во 2004-та Шерон Тајрабеси од Канада на лото освоила над 10 милиони канадски долари, за девет години успела да ја потроши речиси целата сума, а денес повторно живее како и пред добивањето на парите. Добиените пари 39-годишната Тајрабеси ги потрошила на луксузна куќа, автомобили, забави, дизајнерска облека и на позајмици на членови на нејзиното семејство, но сега живее во стан под наем, патува со јавниот градски превоз и работи хонорарно.

„Од време на време знаев да ја погледна состојбата на сметката, но имаше толку многу нули што мислев деке се е под контрола. Одеднаш сфатив дека сумата се смалила на само 750.000 долари, кои ги оставив како наследство за моите деца. Своите пари тие ќе ги добиваат кога ќе наполнат 26 години“, изјави Тајрабеси за еден локален весник.

Кога ја освоила премијата Шерон имала три деца, секое од различен партнер. Набрзо по добивката се омажила за Вини Тајрабеси, кој имал три деца од својот претходен брак. Во новиот брак Шерон и Вини добиле уште три деца, па нивното семејство денес брои 11 члена.

Таа на идните добитници на лото им препорачува парите да ги чуваат само за себе и да не веруваат никому освен на своите најблиски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: