ОТКАКО ДЕЦА ПОВРЕДИЈА ШТРК ВО ГЕВГЕЛИЈА: Биолог ни објаснува колку штрковите се корисни за сите нас

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2025 07:15
Од Анима Мунди вчера објавија дека деца во Гевгелија измачувале штрк и бараат реакцијата од надлежните, но она што треба да го знаеме е дека штрковите се многу значајни и корисни во природата.
Тие се хранат со змии, гуштери, жаби и често ги нарекуваат „чистачи во природата“. Доколку бројот на штркови се намали, бројот на влекачи ќе се зголеми, а тие пак се опасни за луѓето. Биологот Анита Стојанова вели дека свеста кај децата треба да се зголеми за заштита на животните, да научат да се однесуваат хумано со нив и да развијат емпатија.
„Штркот се храни со змии, жаби, тој е алка од синџирот на исхрана во природата и со негово нарушување, се уништува и биодиверзитетот. Се нарушува рамнотежата. Тоа е цела популација на штркови кои доаѓаат тука за да се прехрануваат. Змиите пак за нас се опасни. Ако нема доволно штркови, ќе се зголеми бројот на змиите и слично. Нормално дека зборуваме за тоа на часовите, јас работам со деца од 6-то одделение. Секое животно е дел од природата и сите се важни за здрава животна средина. Ежовите се слични, се хранат со змии. Треба да се разбуди емпатијата. Ако децата добро се однесуваат кон животните, утре ќе пораснат во личности кои добро ќе се однесуваат и со луѓето“, вели Стојанова.
Инаку, за измачуваниот штрк во Гевгелија, според објавите на социјалните мрежи, малолетниците со велосипеди намерно го повредиле. Очевидици рекле дека има и снимки од безбедносните камери кои ќе покажат дека децата намерно биле насилни. Од Анима Мунди велат дека насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација.
Македонското еколошко друштво лани спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Евидентирани се вкупно 1.765 гнезда на штркови (1.388 активни гнезда и 389 неактивни гнезда - односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или имало само една возрасна птица). Вкупниот број на изведени штркчиња беше 3,934.
Штрковите најчесто ги населуваат рамничарските региони и најголем дел од гнездата се наоѓаат во населените места. Како региони со најмногу гнезда на штркови се издвојуваат Пелагонија (541 гнездо) и Овче Поле (326 гнезда). Стојаково и Чешиново се познати како села со голем број штркови.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

„Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на небезбедната зграда - без документација, без одобрение за градба“: Арсовска продолжува со шокантните објави
Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски
