ОТКАЗИ ВО ТВ НОВА: Триесет и пет вработени ќе останат без работа
Објавено во: Економија 02 Јули, 2016 17:50
Возачи, новинари, сниматели, монтажери се само дел од „вишокот“ кој треба да се испразни во новата провладина телевизија, дознава А1он од извори од телевизијата.
Според изворот, телевизија Нова моментално брои 160 вработени, сега отпушта 35 луѓе, а треба да намали уште 15, за вкупната бројка на вработени да се сведе на 110 вработени.
„Не примија за да не избркаат. Пред 5 месеци примија над 150 луѓе, за сега да ни дадат отказен рок од еден месец“ - вели изворот.
Изворот вели дека се бркаат од работа искусни новинари, а остануваат луѓе на кои телевизијата им е прво работно место. Тој објаснува дека телевизијата решила целосно да ја укине забавната емисија „Сцена“, а дел од новинарите и сами напуштиле поради притисокот кој се врши врз нив.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




