24 Април, 2024
0.0336

Откриени RAM меморијата и капацитетот на батеријата на новите iPhone уреди

Објавено во: Стил 20 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Apple не ги открива техничките детали на Keynote презентациите или на својата интернет страница, но се работи за осетливи теми како RAM меморија и капацитет на батеријата, пишува macrumors.

Според неодамнешен извештај,  iPhone XS и iPhone XS Max ќе бидат опремени со 4 GB RAM, a iPhone XR со „само” 3 GB. Што се однесува до траењето на батеријата, iPhone XS Max има батерија од 3174 mAh, а iPhone XS од 2658 mAh.

Во случајот на 5,8-инчниот iPhone XS  се работи за 2,2 проценти помал капацитет на батерија во однос на iPhone X, чија батерија има 2716 mAh. Но во пракса, годинашниот модел ќе издржи барем половина час подолго само со едно полнење.

iPhone XS Max е владетел меѓу годинашните модели, посебно во поглед на големината на батеријата. Нејзиниот капацитет од 3174 mAh значи пораст од 17% во однос на iPhone X. Тоа е 1,5 часа повеќе работа, за што можеме да бидеме благодарни на помалата потрошувачка на енергија на новите хардверски компоненти и фино подесениот систем на iOS.

Меѓутоа, најинтересните броеви се однесуваа на iPhone XR, чија батерија е нешто помала од онаа во iPhone XS, со капацитет од дури 2942 mAh, но за која се тврди дека ќе трае најдолго. Причина за тоа е првенствено помалиот екран и помалата резолуција.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган