25 Април, 2024
0.0422

Откриени уште осум „тајни“ милијардери, еве кои се тие!

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Oсум „тајни" милијардери во светот, за кои до неодамна луѓе не знаеја и дека постојат, ги обелодени Блумберг. Овие луѓе „тајниот“ статус го имаат поради фактот што имаат големи удели во јавните претпријатија и живеат во Мексико, Чиле, Бразил и Шпанија. Од Блумберг ги нарекуваат "тајни" бидејќи човек може да ги сретне на улица, а да не ги препознае. Еве кои се осууммината милијардери: Хуан Галардо Турлоу (Мексико) Малку откако Турлов ги презема активностите за флаширње и дистрибуцијата на производите на „PepsiCo Inc“. во Мексико во 2011 година, акциите на неговата компанија „Organizacion Cultiba SAB“ поскапуваат до 20 пезоси за акција , со што тој стана милијардер. Тој поседува 72% во компанијата, а неговата состојба се проценува на 1.4 милијарди долари. Луис Енрике Јарур (Чиле) Чилеанската фамилија Јарур ја управува третата најголема банка во земјата „Banco de Credito & Inversiones“ (BCI) од повеќе од половина век. Според извештајот на Фич,  претседателот на банката Луис Енрике Јарур, поседува 42% од инвестициската компанија „Empresas Juan Yarur SAC“, која пак има над 50% удел во банката. Заедно со неговиот 1% директно поседувани акции во банката, уделот на Јарур во BCI се проценува на 2 милијарди долари. Патриција Анџелина Роси (Чиле) Патриција Анџелина Роси го наследува своето богатство од својот чичко, кој немал деца. Тој и остава на неа и на нејзиниот брат Роберто поголем дел од своите акции во јавната компанија „Antarchile SA“, која претставува холдинг со инвестиции во шумарството, енергетиката, аквакултурата и логистиката. Роси има 22% во компанијата, кои се проценуваат на 1.7 милијарди долари. Бразилските милијардери Две Бразилки исто така, се приклучиле на милијардерите благодарение на својот татко Пелерсон Соарес Пенидо, кој почина минатата година на 93 година. Пенидо учествувал во изградбата на главниот град на  Бразил во 50-тите години, како и во изградбата на голем број автопати. Подоцна тој ја продава компанијата во чија сопственост се патарините за удел во CCR со седиште во Сао Паоло. Инаку компанијата сега е  најголемиот оператор на патарини во Бразил по удел на пазарот. Ќерката на Пенидо, Ана Марија Маркондес Пенидо Сант'Ана, која има 56 години, поседува 12% од акциите во компанијата  CCR и нејзиното богатство се проценува на 2.1 милијарди долари. Нејзината сестра Роза Еванджелина има 5.3 % удел во CCR, кој се проценува на околу 910 милиони долари, плус уште 180 милиони долари кеш во форма на дивиденди. CCR пак се контролира делумно од Дирсе Камарго, која е најбогатата жена во Бразил и исто така беше "разоткриена " како милијардер неодамна. Нејзиното богатство се проценува на 13.9 милијарди долари. Шпанските милијардери Инфраструктурната империја создава тројца милијардери во Шпанија. Рафаел дел Пино и Морено, кој почина во 2008 година на 87-годишна возраст, почнува да увезува машини за поправка на железнички линии од Германија пред шест децении. Денес компанијата која тој ја основал „Ferrovial SA“ генерира 7.5 милијарди евра годишен приход од изградба на аеродроми, патишта и исполнувањето на други инфраструктурни проекти во Европа. Петте деца на Дел Пино контролираат 44.3% од „Ferrovial“ преку холдинг компанија „Portman Baela SL“, која пак е во сопственост на „Karlovy SL“ со седиште во Мадрид и на уште една компанија, регистрирана во Холандија. Рафаел дел Пино и Калво-Сотело, кој е претседател на „Ferrovial“, поседува 45.2% од „Karlovy“ кој се проценува на 2.2 милијарди долари. Неговиот брат Леополд поседува 20,3% од „Karlovy“ кои чинат 1 милијарда долари. Марија дел Пино и Калво-Сотело пак рапсолагаат со 20% од холдинг компанијата, односно со 980 милијарди долари, според Блимберг. Тројцата добиле над 525 милиони евра во форма на дивиденда од 2008 година. Уделот на другите двајца браќа Хоакин и Фернандо дел Пино се уште не ги прават милијардери.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти