Откриени заразни ларви кај свињите во Србија
Објавено во: Агробизнис 26 Декември, 2018 12:44
Во подрачјето на Поморавскиот округ во Србија откриена е болеста трихинолоза во примероци месо од домашна свиња, јави Танјуг. Оваа година, ова е петти случај на трихинелоза кај домашни и диви свињи во регионот на Свилајнац.
Претходно, исто така во овој дел од Србија, заклана е свиња заболена од трихинолоза, но била купена од подрачјето на Браничевскиот округ. Првиот случај на оваа тешко заболување во Поморавскиот регион е откриен на 19 октомври, соопштија од Специјалистичкиот ветеринарен институт за Шумадија и Поморавје.
Трихинелите се ситни црви кои потсетуваат на влакно, а живеат исклучиво паразитски живот во цревата и мускулите на многу месојади и сештојади. Човекот може да се зарази ако јаде свинско месо во кое има ларви, а ветеринарите истакнуваат дека една свиња од 100 килограми може да инфицира 200 луѓе, па и повеќ, ако е голем бројот на ларви во грам месо.
Извор на зараза е сушено, недоволно смрзнато (ларвите умираат на -37 степени), или недоволно печено месо, особено, шунка и кобасици.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





