19 Декември, 2025
0.0517

Откриено e огромно наоѓалиште на нафта и гас

Објавено во: Економија 05 Август, 2025 17:07

Добивај вести на Viber

Британската енергетска компанија БП го откри најголемото нафтено и гасно поле во последните 25 години. Полето се наоѓа во басенот Сантос, во длабоки води на 400 километри од источниот брег на Бразил.

Како што објави Би-Би-Си, ова откритие потврдува дека компанијата се враќа на фосилните горива, нејзините традиционални извори на профит, по неколкугодишни обиди за премин кон обновливи извори на енергија.

Извршниот потпретседател на компанијата, Гордон Бирел, изјави дека ова е „најголемото откритие на БП во овој век“ и додаде дека се разгледува изградба на нов производствен центар во регионот.

По оваа вест, акциите на компанијата на Лондонската берза пораснаа за малку повеќе од еден процент.

Оваа година, БП откри и нови полиња во Мексиканскиот Залив и Египет.

„Ова е уште еден успех во исклучителна година за нашиот истражувачки тим“, рече Бирел.

На крајот на февруари, БП ги намали планираните инвестиции во обновливи извори на енергија и во исто време издвои дополнителни средства за нафтени и гасни постројки - потег што пазарот го толкува како обид за стабилизација по турбулентни години.

Во 2020 година, пандемијата ја турна компанијата во загуба од 5,7 милијарди долари, додека во 2022 година, БП претрпе дополнителни 25 милијарди долари загуба поради повлекувањето од руските енергетски проекти по почетокот на војната во Украина. Во меѓувреме, конкурентите кои останаа фокусирани на фосилните горива остварија рекордни профити.

foto EPA/ADAM VAUGHAN

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии