ОТКРИЕНО ШТО СТОИ ЗАД ПРИТИСОКОТ ВРЗ АСТРАЗЕНЕКА: Безбедноста на вакцината не е проблем, туку нешто друго
Објавено во: Свет 26 Март, 2021 09:57
Научникот кој го
предводи тимот што ја разви вакцината АстраЗенека вели дека оваа компанија не
заработува ништо од вакцините за разлика од другите и дека ќе размисли за
зголемување на цената на вакцините заради однесувањето на ЕУ кон нив.
Џон Бел, професорот од Оксфорд, кој беше еден од клучните научници во развојот на вакцината АстраЗенека, даде интервју за британски Телеграф, во кое тој рече дека АстраЗенека може да ја доведе во прашање претходната одлука да не профитира од вакцината, поради критиките од Европската унија.
- Има момент кога АстраЗенека може да рече: Сега ќе престанеме да наплаќаме ниска цена затоа што не ни давате признание за сè што направивме. Цената на акцијата на АстраЗенека падна, не се зголеми. Ние произведуваме повеќе вакцини од кој било друг. Таа е безбедна и ефикасна вакцина, но никој не се грижи.
Тој истакна дека има фрустрација во „АстраЗенека“ затоа што се откажува од профитот на вакцината, што не важи за ривалите како „Фајзер“ или „БиоНТек“.
- Немам проблем луѓето да заработуваат пари, но сега не е време за тоа. Фармацевтската индустрија ни кажува: 'Погледнете не, ние бевме одлични и го спасивме светот'. Да, тоа е, но исто така заработивте многу пари.
Самата АстраЗенека ги коментираше изјавите на водечкиот научник од Оксфорд.
- Од самиот почеток, пристапот ни беше таков што третиравме развој на вакцини како одговор на вонредната глобална закана по здравјето и ќе продолжиме да работиме во истиот дух. Ние сме апсолутно посветени на обезбедувањето на вакцината на што повеќе земји, без да заработиме ништо за време на пандемијата. Компанијата вети дека ќе ја продаде вакцината по цена што е доволно само да ги покрие трошоците за време на пандемијата, изјави портпаролот на АстраЗенека.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




