28 Ноември, 2024
0.0290

Откријте која е најпопулрната држава во светот

Објавено во: Стил 23 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Германија е најпозитивната и најпопуларна држава во светот според резултатите во анкетата на Би-Би-Си.

Анкетирани биле над 26 илјади луѓе од разни земји низ светот кои требале да рангираат 16 земји и ЕУ, давајќи главно позитивно или негативно мислење за нивната надворешна политика, економијата и однесувањето во меѓународната заедница.

По пребројаните гласови, Германија добила 59 отсто позитивни мислења и само 15 отсто негативни, поправајќи го својот општ впечаток, во споредба со минатата година. На последното место и годинава е пласиран Иран со спротивни дури 59 отсто негативни и само 15 отсто позитивни мислења. Заедно со Иран, на дното на листата е и Пакистан, кој е пред Иран само затоа што има помалку негативни мислења.

Второто  место го зазема Канада, потоа Велика Британија, најмногу поради убавиот впечаток за Олимписките Игри во Лондон, а четврта е Јапонија која минатата година беше прва. Како пета е рангирана Франција.

Европската Унија е на високото шесто место, како целина добивајќи 49 отсто позитивно мислење, што укажува на повисокото мислење што за ЕУ го има светот, отколку во делови од Европа. Сепак 24 отсто од анкетираните имаат негативно мислење за Унијата.

САД се на осмото место, со 45 отсто позитивни и 34 отсто негативни мислења. Кон дното е Израел кој има 52 отсто негативни и 21 отсто позитивни мислења.

Според истражувањето Германија и понатаму ужива висок рејтинг и почит во Европа и меѓу партнерите во ЕУ и покрај впечатокот дека сите ја обвинуваат оваа земја и нејзниот канцелар Ангела Меркел за „суровите и остри“ мерки на кои инсистира за да се средат внатрешните долгови во зоната на еврото.

Гласачите во Шпанија, која би требало да биде погодена од острата германска финансиска политика, Германија има добиен о 68 отсто позотивни мислења.

Во Велика Британија 78 отсто од луѓето позитивно гледаат на денешна Германија, а тој однос во Франција е уште поголем и изнесува дури 81 отсто.

Грците веројатно поради германофобијата за острите мерки за штедење и кратење на буџетските трошоци на кои инсистира Берлин, 52 отсто дале негативни мислења за Германија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.