25 Април, 2024
0.0875

Отсега ќе можете да ги изнајмите фустаните на војвотката Кејт

Објавено во: Стил 24 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Модните следбеници на Кејт Мидлтон ќе бидат фасцинирани од веста дека можат да имаат фустани како нејзините. Британски моден сајт ги собра најпознатите тимови на Војвотката од Кембриџ , кои можат да бидат земени под наем за симболична цена. На веб-сајтот се веќе достапни 14 богатства на модната марка Beulah , од кои три ги поседува Кетрин. Под наем се дава црвениот официјален фустан кој сопругата на принцот Вилијам го имаше облечено на добротворниот настан во 2011 година. Обожавателки на стилот на Кејт, може да го изнајмат фустанот за само 79 фунти , а синиот фустан на Beulah од нејзината посета на џамијата во Малезија може да биде изнајмен за само 59 фунти. Природно, гардеробата на Војвотката од Кембриџ се претвори во тотален хит, иако таа овие фустани ги облекува само за неколку часа. Кралските тимови можат да бидат ангажирани за период од два или седум дена. Можат да се порачуваат до три различни модели. Ако ниту еден од фустаните не ви е по мерка , само треба да ја вратите пратката и ќе ви биде вратена целосната сума. Нема потреба да ја давате облеката на хемиско, сепак треба да се чувствувате како член на кралското семејство. Останува само да го најдете својот принц.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти