ОТВОРЕН ВЕСТГЕЈТ ТАУЕР ВО СПЛИТ, НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ВО ХРВАТСКА ВРЕДИ 110 МИЛИОНИ ЕВРА: Има 135 ката и нуклеарно засолниште
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2023
Највисоката зграда во Хрватска, Вестгејт Тауер, висока 135
метри и вредна 110 милиони евра, денеска почнува со работа, соопшти Вестгејт
груп.
Како што се наведува, во оваа зграда, чија изградба ја финансираше Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР), ќе има вкупно повеќе од 1.000 вработени. Овој облакодер се состои од 35 ката - 28 над земја и шест под земја, во кои , меѓу другите, Ericsson Nikola Tesla и голем број други ИТ компании, објави Westgate Group.
-Некои катови, оние каде што же биде лоциран Ериксон, се застаклени со оклопно стакло и се во согласност со антитерористичките стандарди, бидејќи имаме работа со огромни бази на податоци и чувствителни ИТ операции. Зградата има и нуклеарно засолниште, соопшти Westgate Group.
Најважниот дел од бизнисот е AC Hotel by Marriott. Тоа е првиот AC хотел (бренд од портфолиото на Мериот) во Хрватска, кој ќе работи на 15 ката и три подземни ката.
Минатата година во Лондон, облакодерот го освои меѓународното признание на Европската награда за сопственост во категоријата најдобро архитектонско решение за комерцијална градба на високоградба.
Претставникот на инвеститорот Вестгејт груп, Јосип Комар изјави дека овој облакодер во Сплит ќе ја збогати локалната економија и инфраструктура.
„Бидејќи бевме во трка со времето во шпицот на сезоната, свеченото отворање на хотелот ќе го организираме во септември или октомври“, рече Комар.
ФОТО: ФБ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.