15 Јануари, 2025
0.0228

Отворена рекреативна патека во Крива Паланка – проект кој на форум го избраа жителите на општината

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Жителите на општина Крива Паланка добија ново катче за спортување, дружење и рекреација откако денеска беше пуштена во употреба новата „памп“ рекреативна патека, во комплексот на спортската сала во градот. Станува збор за проект кој беше избран директно од граѓаните на Форумите во заедницата, кои се одржаа во првата половина од 2023 година, во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“. Важно е да градиме проекти кои ги избрале граѓаните, а најдобро е кога општините се заинтересирани за нивна реализација, порача министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, кој присуствуваше на денешното отворање на патеката.

„Рекреативната патека е нова можност за жителите на општината за дружење и за рекреација, се создаваат услови за развој на спортот, но и за локалниот развој, преку збогатување на понудата за домашните и посетителите од странство. Додадена вредност на овој проект е во тоа што е избран од граѓаните на Крива Паланка“, рече Пенов.

Програмата „Зајакнување на општинските совети“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

„Нашите заеднички напори не беа фокусирани само на спроведување на овој инфраструктирен проект и реализација на Форумите во заедницата туку колективно се фокусиравме и на унапредување на знаењето на советниците преку специјално подготвени обуки поврзани со локалното одлучување. Дополнотелно, еден од клучните елементи на програмата е зајакнување на транспарентноста и отвореноста на локалните носители на одлуки преку интеграција на дигитални алатки“, рече постоајниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Во рамки на проектот беше обезбедена специјална аудио и видео опрема за снимање и пренос во живо на седниците на советот на Крива Паланка, со што се овозможува поголема транспарентност во работењето на локалната самоуправа. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски порача дека со имплементацијата на овие проекти се подобрува квалитетот на живот за граѓаните во општината.

„Вредноста на целиот проект со кој е изградена „памп“ патеката изнесува четири милиони денари, од кои 2,5 милиони денари се грант од проектот „Зајакнување на општинските совети“, а 1,5 милиони денари кофинансира општината. Во знак на про-актиевн пристап на советниците обезбедивме дополнителна донација во вредност од 800.000 денари наменети за обезбедување на техничка, аудио и видео опрема, за директен пренос на седниците на советот“, изјави Митовски.

Во текот на оваа година, освен Oпштина Крива Паланка, УНДП поддржа и други девет партнерски општини кои спроведуваат слични проекти и активности. Со тоа, до крајот на 2023 година ќе с реализираат вкупно 10 приоритетни проекти, избрани од граѓаните, во вкупна вредност од околу 620 илјади долари. Дополнително, 18 општини добија поддршка за мерки за подобрување на транспарентноста на работата на општинските совети и општините преку дигитални алатки во вкупна вредност од 215 илјади долари.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија