18 Декември, 2025
0.0504

Отворена стечајна постапка за најголемиот земјоделски комбинат ЗК Пелагонија, сметката е блокирана повеќе од 45 дена

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2024 13:50

Добивај вести на Viber

Основниот суд во Битола го прифати предлогот и отвори стечајна постапка против најголемиот земјоделски комбинат во земјава - АД ЗИК Пелагонија.

Во Службен весник е објавено дека се прифаќа ваквиот предлог од страна на доверителот Бетон Штип, кој приложил доказ дека сметката на најголемата житница во Македонија е блокирана повеќе од 45 дена. 

Земјоделскиот комбинат Пелагонија цели 4 месеци не може да ги исплати своите обврски и е со блокирана сметка што е причина за правна постапка за отварање на стечај.

- Должникот Земјоделски комбинат Пелагонија е неспособен за плаќање, истиот е неликвиден, односно не е во состојба да ги измирува доспеаните обврски. Обврските се поголеми од имотот кој што го поседува, а побарувања нема. Жиро сметката на должникот непречно е блокирана пред повеќе од 45 дена, па се до денес, пишува во прифатениот предлог за отворање стечајна постапка.

Бетон Штип како застапник потврдил дека акционерското друштво навремено не му го исплаќала на рати уделот на ЗИК Пелагонија отстапен од градежната компанија Саник Инженеринг. Станува збор за долг од околу 230.000 евра како налог за извршување.

Сопственик на Бетон Штип во моментов е Орка Холдинг, а управител е Ванче Мијалчев. Во Управниот одбор на ЗИК Пелагонија членуваат Весна Белешовска-Бунтеска, Цветан Панделески, Александар Георгиев, Анета Георгиев и Салаудин Арифи.

ЗИК Пелагонија по првите девет месеци од годината оствари загуба од речиси 900.000 евра, а приходи од 15,5 милиони евра, иако тоа е намалување за цели 27 проценти во однос на истиот период лани.

Орка Холдинг е најголем акционер со 22,69 отсто од акциите на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“. Втор по големина акционерво ЗК Пелагонија Битола е Златко Пирузе, кој има во своја сопственост 17,55 проценти, а по него следува Цветан Панделевски, кој располага со 14,59 отсто од акциите. Друштвото Нова Агро инвест ДООЕЛ поседува 9,86 отсто од капиталот, а Дејан Панделески има 5,2 отсто од капиталот на оваа компанија. Акции во ЗК Пелагонија Битола има и Снежана Георгиева, и тоа 5,19 проценти.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа