20 Декември, 2025
0.0930

„ОВА Е ЛАГА, ОВА Е САМО ШОУ“: При посетата на Мариупол, Путин „слушна“ и забелешки (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 20 Март, 2023 14:50

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ненадејно го посети окупираниот украински град Мариупол, само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

На видеото од средбата на Путин со локалните жители, споделено од руските државни медиуми, се слуша како личност во позадина вика: „Ова е лага, ова е само шоу“. Придружбата на Путин брзо реагирала и се обидела да ја пронајде личноста која викала, пишува CNN.

Во истото видео, станарот го опишува блискиот станбен блок како „парче од рајот“, на што Путин одговара дека планираат да го прошират.

„Толку пати те видовме на телевизија“, рекол еден од жителите, на што Путин одговорил: „Треба да почнеме подобро да се запознаваме“.

Мариупол е честа тема во руската пропаганда

Мариупол ги виде некои од најжестоките борби во војната и често се користи за пропагандни цели откако Москва го зазеде минатата година.

Сателитските снимки од мај минатата година покажаа обемни ископувања и расчистување на урнатините низ градот, вклучувајќи го и бомбардираниот театар во Мариупол. Во следните месеци, руските државни медиуми објавија снимки од обновените области, а Путин најави дека ќе го обнови целиот град.

Извештаите за планираните судења кружеа минатиот август, откако руските медиуми објавија слики од кафези во салата на Мариупол, филхармонија, кои очигледно биле наменети за украинските воени затвореници од железарницата Азовстал.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја