05 Декември, 2025
0.0569

Ова е најбогатиот човек во Кина

Објавено во: Стил 26 Август, 2013 13:06

Добивај вести на Viber

Епитето најбогат човек на Кина оваа година му припаѓа на сопственикот на најголемата кинеска градежна компанија „Далиан Ванда Груп“, Ванг Џианлин. Со богатство проценето на 14,2 милијарди долари, Ванг ја презеде титулата од Зонг Чинхоу, основач на „Хангџоу Вахаха Груп“, коосновач на најпопуларниот кинески пребарувач Баиду на Робин Лиу. Компанијата „Далиан Ванда Груп“, со работењето на нејзиниот огранок „АМЦ Ентертејмент“ оствари профит минатата година во висина од 2,6 милијарди долари и стана најголем кино и филмски ланец во светот. „Форбс“ оваа година го рангираше Џиналин на 128-то место на листата на најбогати луѓе во светот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: