„ОВА Е НАЈМАЛКУ ШТО МОЖЕМЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ ЗА НАШАТА МУЗИЧКА ЛЕГЕНДА“: Иницијатива, МКЦ да го носи името на починатиот Андреј од ДНК

Објавено во: Македонија 27 Март, 2025 07:30
Во ова сивило на политичко партиски препукувања за тоа кој бил виновен, а кој не, кога раните на жртвите се сеуште свежи, во општествената трка за тоа кој бил во право, а кој не, забораваме на најважната работа, а тоа е што ние ќе направиме за починатите и како можеме да им се оддолжиме (Ако воопшто е можно) бидејќи кабаетот е кај нас(како општество) и должни сме кон сите нив.
Затоа, почитувани пријатели,
како поранешен советник во советот на градот Скопје, во периодот што следи ќе поднесам предлог граѓанска иницијатива, "Младинскиот културен центар-МКЦ" Скопје, да го носи името на прерано починатата музичка ѕвезда Андреј Ѓорѓиески-ДНК, уметник, хуманист, а пред се Човек, кој својот живот го жртвуваше за да спаси други млади луѓе.
Во повеќе од 20 годишната музичка кариера, на Македонија и даде голем број на хитови со кои растеа и ќе растат многу генерации.
Ова е најмалку што можеме да направиме за нашата музика легенда.
Се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена едногласно од сите 45 советници.
Можеби ќе ве интересира
ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

МВР: Пукал со гасен пиштол на главниот булевар во Чаир

Министерство за здравство: :Четири пациенти од странство пуштени на домашно лекување

МВР му го одзеде „крајслерот“ на Турчин кој тероризирал со бучава

ДУИ за Бајрам го посети семејството на Бектеши додека тој е во притвор

Мицкоски: Сега не би размислувал за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник на Кочани

Обвинителството ја продолжува истрагата за аферата со мазутот

Херојот Костадинов: Најтешко ми беше да изнесувам онесвестени на раце
