23 Ноември, 2024
0.0299

Oва е најточниот ХОРОСКОП: Прочитајте што вели за вас Африканскиот зодијак

Објавено во: Општо 01 Септември, 2016

Добивај вести на Viber


Мудрец (4 октомври – 3 ноември)

Среќен ден: петок

Успешни месеци: октомври и февруари

Елемент: вода

Дрво: ариш

Боја: бела

Знакот Мудрец го симболизира слонот и ја означува мудроста на предците во Африка. Тие се топли и внимателни луѓе. Емотивни се, но сепак размислуваат пред да дејствуваат.

Родените во овој знак се совршена слика за комплексноста и дволичноста. Еден ден се идеални поети, а другиот ден – манипулативни генијалци. Нивното расположение се менува, како што се менува времето.

Самите себе најдобро си се разбираат. Нивната најголема предност е тоа што лесно се приспособуваат. Тие инстинктивно знаат дали другите имаат позитивно влијание врз нив.

Љубов: Тие се среќни само кога се заљубени. Така се чувствуваат ценети. Иако се зафатени со различни нешта, не треба да забораваат дека сепак некој ги чека дома. Понекогаш не се верни ниту на самите себе. Нежни се и романтични и ги сакаат патувањата.

Работа: Овие личности ја имаат сета креативност, имагинација, интуиција, писателски и сликарски вештини кои им се потребни за да ја изразат нивната убавина. Во тоа е нивната сила, освен ако не најдат работа која ја поттикнува нивната креативност на друг начин, како што е работењето со деца.

Здравје: Имаат неограничена енергија и затоа секогаш трчаат, се качуваат или скокаат наоколу. Тоа е добро за нивното здравје, но треба повеќе да го слушаат сопствениот организам. Потребно е повеќе да спијат.

Тетка (4 ноември – 3 декември)

Среќен ден: сабота

Успешни месеци: ноември и март

Елемент: оган

Дрво: еукалиптус

Боја: беж

Знакот Тетка е поврзан со дрвено стапче што го означува природниот авторитет во Африка. Родените во овој знак се дарежливи, простодушни и посветени. Шират позитивна, смирувачка енергија и така ги привлекуваат другите.

Среќни и интуитивни, овие луѓе постојано се подобруваат како материјално така и духовно. Го гледаат доброто кај другите и затоа лесно се поврзуваат со нив. Не треба да бидат толку наивни. Уживаат во животот, знаат што е добро за нив и обожаваат да ги разгалуваат тие што ги сакаат.

Љубов: Често самите се прашуваат каква врска посакуваат, стабилна љубов или страсни искри? Не можејќи да одлучат, најчесто балансираат помеѓу двете опции, но само ако се сигурни дека нема никого да повредат, затоа што припадниците на овој знак се одговорни луѓе.

Потребен им е секс и многу љубов и внимание за да бидат целосно среќни.

Работа: Не се сигурни каква работа бараат и постојано се во чекор со настаните. Луѓето што ги запознаваат им помагаат да успеат во кариерата. Нивната можност за брзо и лесно приспособување им помага да се адаптираат на секоја непредвидена ситуација. Само така можат да напредуваат.

Здравје: Припадниците на овој знак главно имаат одлична здравствена состојба. Треба често да ги менуваат спортските активности за да не им здодеат брзо. Најмногу им одговараат сезонски спортови на отворено.

Изобилство (4 декември – 3 јануари)

Среќен ден: вторник

Успешни месеци: декември и април

Елемент: вода

Дрво: гинко билоба

Боја: златна

Знакот Изобилство се поврзува со водопадот што означува голема способност, богатство и изобилство во секој сегмент од животот. Родените во овој знак се среќни и лесно минуваат низ животот, но не мислат за другите.

Сакани се од другите, но треба да ја заслужат нивната љубов, посветувајќи им повеќе време. Чувствуваат како да има премногу луѓе во нивниот круг и не секогаш тие се вистинските.

Треба да одберат со кого ќе се дружат. Повеќе треба да ѝ веруваат на сопствената интуиција.

Љубов: Не можат да одлучат што точно бараат во љубовта. Ако се решат за еден партнер, тогаш тоа мора да биде според нивните услови. Не смеат да заглават во рутината или да бидат на некој начин ограничени.

Сакаат луксуз и неочекувани изненадувања. Партнерот ќе мора да се бори за да ги задржи.

Работа: Во работата секогаш може да сметаат на нивната среќа. Треба да ги подобрат сопствените вештини и да се здобијат со поголемо искуство. Не треба да ги мешаат љубовта и работата.

Сè што треба да направат е да си ја вршат својата работа, а не да ги прават другите среќни.

Здравје: Потребни им се почести одмори за да можат да продолжат со работата. Најдобро се снаоѓаат во индивидуалните спортови кои им помагаат да се сконцентрираат, како што се голф или јавање коњи. Мора повеќе да се грижат за себе.



Претходна страна  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.