Ова е новата цена на струјата
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2019 19:21
РКЕ продолжува да ги држи уздите како што треба и нема да дозволи промена на цената на електричната енергија. Таа за домаќинствата ќе остане иста
Цената на електричната енергија за домаќинставата нема да се менува, ќе остане иста како и досега. Тоа значи дека во скапа (висока) тарифа цената за киловат час ќе биде 5,54 денари, а во ниска (евтина) тарифа ќе остане 2,78 денари за киловат час. Кај броилата кои се на една тарифа и кај кои нема скапа и евтина струја цената ќе биде 4,45 денари за потрошен киловат час. Ова се цените ко денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе ги додели на новиот универзален снабдувач ЕВН Хоме, фирма ќе на ЕВН Македонија. Ова значи дека граѓаните и во иднина можат да бида мирни од ценовни шокови кои се однесуваат на промена на цената на електричната енергија.
Дознаваме дека кај учесниците во системот на регуларани цени кои ги определува РКЕ ќе има промени кај преносните тарифи на двата оператори на системи и на дистрибутивниот систем и на преносниот систем. Најголемиот оператор на дистрибутивен систем „Електродистрибуција“ фирма на ЕВН ќе добие просечна цена за киловатчас од 1,49 денари за киловатчас дистрибуирана електрична енергија и тоа е за 0,08 денари повеќе од тоа што го добиваа лани за истата услуга. Тоа е зголемување за 5,4 отсто на последната цена. Преносниот систем оператор МЕПСО за преносната тарифа која вклучува одржување, надградба и управување со преносната мрежа (од која превземаат дистрибутивните мрежи) од први јули ќе добива 0,176 денари за пренесен киловат час и тоа е за 14 отсто помалку во однос на цената што важеше досега и изнесува 0,2 денари за пренесен киловат час електрична енергија. Ова намалување нема да го почувствуваат домаќинствата, но ќе биде добродојдено за компаниите кои се снабдуваат со електрична енергија по пазарни цени од снабдувачи.
И покрај тоа што нашот пазар за електрична енергија теоретски е либерализиран и за домаќинствата повеќе од извесно е дека ниту еден снабдувач на електрична енергија не може да понуди подобра цена од таа што ја утврдува РКЕ.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




