15 Декември, 2025
0.0722

ОВА Е САМО ПОЧЕТОКОТ НА ЗИМАТА: Уште овој месец ќе започне снежната бајка, а таа ќе трае цела зима!

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023 07:15

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски објави најнова метео анализа.

„ Како што стоеше во нашата сезонска анализа за претстојната зима 2023/2024, кон крајот на овој месец го очекуваме првиот снег и во градовите на Балканот, тоа, и тоа како ќе се оствари. Веќе во вторник и во среда Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од нов бран на врнежи од запад и од северозапад.

Со продорот на студен воздух од север, особено во централните предели на Босна и Херцеговина, планинските предели на Црна Гора и во југозападните предели од соседна Србија ќе има нови врнежи од снег, но овој пат понекаде и на пониските места (градовите). Не се исклучува можноста првите снегулки за оваа сезона да го посетат и главниот град на Босна, Сараево.

На планинските места ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри).

Во Македонија очекуваме претежно врнежи од дожд, а снег ќе има само на високите планини (околу и над 2000 метри надморска височина), но повремено снежната граница ќе се спушта и под 2000 метри. Станува збор за вторник и за среда.

Ново големо заладување и многу повеќе врнежи ќе има околу 25 ноември, па натаму во деновите потоа, како и во декември. Тогаш очекуваме многу снег на Балканот и во Македонија, како и вистинска снежна бајка.

Во деновите кои се пред нас температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од сега, но тоа нема долго да се задржи.

Ако мината година поминавме без снег, оваа година уште од ноември започнува снежната бајка и ќе ја има цела зима што ни претстои, не само во регионот, туку и во Македонија.“ објави тој.


Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите