Ова мора да го пробате: Рецепт за срце стар 800 години!
Објавено во: Стил 11 Септември, 2014 21:43
Творец на познатиот рецепт е игуменија Хилдегард вон Бинген, која живеела пред 800 години, а нејзиниот рецепт за срцеви проблеми го преземале дури и лекарите. Рецептот подоцна го пренела и познатата билкарка Марија Требем.
Природниот лек за срце се покажал корисен кај срцеви мани, но и кај сериозни срцеви заболувања. Се користи кога почуствувате било каква срцева тешкотија како треперење, прескокнувања или поради стрес, а се покажал и корисен и кај ангина пекторис (градна болка предизвикана од исхемија на срцевиот мускул).
Состојки:
- 10 свежи стебла магдонос (без корен) - литар домашно црно или бело вино - две лажици вински оцет - 300 грама природен мед
Подготовка:
Десетте свежи стебла магдонос заедно со листовите ставете ги во литар чисто домашно вино и додајте 1-2 лажици чист вински оцет.
Гответе 10 минути на тивок оган. Потоа додадете 300 грама природен мед и оставете да се готви уште 4 минути. Жешкото вино исцедете го и така топло ставете го во шишиња, кои претходно ги измивте со силен алкохол. Добро затворете. Талогот кој се создава не е штетен и слободно може да го пиете.
Употреба:
Напивката се користи секојдневно, по една супена лажца до престанок на тешкотиите. За потешки болести се препорачува користење подолг временски период.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





