ОВА НЕ Е БЛЕФ, МОЖЕМЕ ДА УПОТРЕБИМЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ БЕЗ НИЧИЈА ДОЗВОЛА И БЕЗ ДОЛГИ КОНСУЛТАЦИИ - Медведев повторно се заканува
Објавено во: Свет 27 Септември, 2022 10:29
„Русија ќе стори сé за да спречи појава на нуклеарно оружје кај нејзините непријателски соседи, на пример, во Украина“, изјави заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Нашите непријатели сакаат да даваат големи изјави. Тие фрлаат поими како слобода, демократија, мисија. Всушност, ова е само ритуална вербална дијареа. Фонтаните на дијареичната демагогија со злобната пискава реторика долго време се испробаното оружје на Англосаксонскиот свет со кој го опсипуваат остатокот од човештвото во обид да ја одбранат својата ексклузивност и правото да владеат со светот“, пишува Медведев на Телеграм.
Медведев нагласи дека „Русија има целосно право да користи нуклеарно оружје“. „Морам повторно да потсетам, за оние глуви луѓе кои само се слушаат себеси. Русија има право да користи нуклеарно оружје доколку е потребно. Во однапред одредени случаи - ако ние или нашите сојузници бидат нападнати со ваков тип оружје или ако агресијата со конвенционално оружје го загрозува опстанок на нашата држава“, пишува тој Медведев.
„Ако заканата за Русија ја премине утврдената граница на опасност, ќе мораме да одговориме. Без ничија дозвола, без долги консултации. И тоа дефинитивно не е блеф“, додава тој.
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




