11 Декември, 2023
0.0257

„ОВА НЕ Е БУЛЕВАР, ОВА Е КЛАНИЦА“- КОЛА ПРЕВРТЕНА НА ПОКРИВ ПРЕД ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ СРЕДЕ СКОПЈЕ: Втора сообраќајка за само неколку дена

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

На недовршениот булевар во населбата Аеродром во Скопје се случи уште една тешка сообраќајќа, при што едно од двете возила кои учествувале во несреќета е буквално превртено на покривот. Ова е посебно алармантно што двата автомобили се судриле точно пред основното училиште „Љубен Лапе“, за што Фактор и претходно пишуваше укажувајќи на фактот дека загрозена е безбедноста на децата токму поради недовршениот булевар, како и ултра брзото и несовесно возење на возачите.

Еден од жителите на населбата Аеродром, кој објави и застрашувачки фотографии на неговиот профил на Фејсбук, апелираше булеварот да се избегнува.

-Ова не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА, напиша тој.

Во неговиот пост додава дека и ова е втора сообраќајќа за само неколку дена.

-Апел до сите возачи, пешаци и родители - избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите - затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА! Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. Ве молам, СПОДЕЛУВАЈТЕ и давајте идеи како побрзо да го средиме овој хорор.

Инаку, Фактор пред  само десеттина дена објави текст за недовршениот проект на Град Скопје, булеварот „Васко Карангелески“, во кој укажавме дека безбедноста на децата кои учат во основното училиште „Љубен Лапе“ е целосно загрозена.

-Нема семафори, нема сообраќајни знаци, нема „лежечки полицајци“, а улицата е ултра брза. Со овие зборови загрижени родители на деца кои учат во тоа основно училиште во Општината Аеродром се обратија до редакцијата на Фактор, укажувајќи на опасностите на кои се изложени учениците кои секојдневно минуваат оттаму за да влезат во училиштето.

Реагираат родителите, но реагира и општината Аеродром, која инситира Град Скопје што поското да го заврши булеварот.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОТВРДА ОД ТУРЦИЈА: Четирисет дена екстрадициски притвор доби Љупчо Палевски

ПОТВРДА ОД ТУРЦИЈА: Четирисет дена екстрадициски притвор доби Љупчо Палевски

ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КИЧЕВСКАТА БОЛНИЦА Е ВЕЌЕ РАСКИНАТ: Се очекува објавување на нови тендери за болниците во Штип и во Кичево

ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КИЧЕВСКАТА БОЛНИЦА Е ВЕЌЕ РАСКИНАТ: Се очекува објавување на нови тендери за болниците во Штип и во Кичево

„ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СÉ МОРА ДА Е ПРЕЦИЗНО И ТОЧНО, ДА НЕ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ВЕШТАЦИТЕ“: Експертот по судска медицина Алексеј Дума за Фактор

„ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СÉ МОРА ДА Е ПРЕЦИЗНО И ТОЧНО, ДА НЕ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ВЕШТАЦИТЕ“: Експертот по судска медицина Алексеј Дума за Фактор

СПАСОВСКИ ДО МИЦКОСКИ: Изјавата беше дека јас нема да имам мир додека е тој жив, му посакувам долг живот

СПАСОВСКИ ДО МИЦКОСКИ: Изјавата беше дека јас нема да имам мир додека е тој жив, му посакувам долг живот

„Вратете ја надежта на Скопјани, за да може лампионите да го „греат" градот“: Емотивно обраќање на доктор Беќаровски

„Вратете ја надежта на Скопјани, за да може лампионите да го „греат" градот“: Емотивно обраќање на доктор Беќаровски

ЕВЕ ШТО, НАВОДНО, КАЖАЛ ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ПРЕД ЗАТВОРЕНИЦИТЕ - го прашале „Како сте можеле да убиете дете“?

ЕВЕ ШТО, НАВОДНО, КАЖАЛ ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ПРЕД ЗАТВОРЕНИЦИТЕ - го прашале „Како сте можеле да убиете дете“?

УКИНУВАЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ПО ИЗБОРИ: Еве што е направено за реорганизција на клиничкиот центар „Мајка Тереза“

УКИНУВАЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ПО ИЗБОРИ: Еве што е направено за реорганизција на клиничкиот центар „Мајка Тереза“

„КАКО ДА НЕ ГО ЗНАМ ЧОВЕКОТ КОЈ КАТАСТРОФАЛНО МЕ ПОРАЗИ НА СЛАВНИОТ 15 СЕПТЕМВРИ“ - за Палевски се огласи и Љубчо Георгиевски

„КАКО ДА НЕ ГО ЗНАМ ЧОВЕКОТ КОЈ КАТАСТРОФАЛНО МЕ ПОРАЗИ НА СЛАВНИОТ 15 СЕПТЕМВРИ“ - за Палевски се огласи и Љубчо Георгиевски

Се испитуваат контактите на Палевски во Турција

Се испитуваат контактите на Палевски во Турција