05 Декември, 2025
0.0386

„ЖИВОТИТЕ НА ДЕЦАТА СЕ ВО ОПАСНОСТ“: По новиот булевар се вози со огромна брзина, децата едвај може да влезат во училиште

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2023 07:17

Добивај вести на Viber

Нема семафори, нема сообраќајни знаци, нема „лежечки полицајци“, а улицата е ултра брза. Со овие зборови загрижени родители на деца кои учат во основното училиште „Љубен Лапе“ во Општината Аеродром се обратија до редакцијата на Фактор, укажувајќи на опасностите на кои се изложени учениците кои секојдневно минуваат оттаму за да влезат во училиштето.

-Новата улица, односно булевар „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром е во непосредна близина на ОУ „Љубен Лапе“. Моите деца секојдневно ја поминуваат таа улица како и сервисните улици кои крстосуваат со Васко Каранелески. Секојдневно се жалат дека не можат да преминат улица, дека чекаат со повеќе минути некој совесен возач да ги препушти. Се ште нема никаква сигнализација, значи не се поставени семафори,ниту пак сообраќајни знаци. На истава улица се наоѓа и ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ на која има уредно поставени успорувачи на брзина на самите коловози со кои значително се намалува брзината и се зголемува бесбедноста на децата. За жал, на овој дел од улицата тоа го нема. Безбедноста на децата е загрозена и децата се секојдневно во опасност, потенцира татко на ученик во ОУ „Љубен Лапе“.

За овој проблем, Фактор побара објаснување од општината, од каде велат дека тие постојано апелираат до Град Скопје, во чија надлежност е всушност новиот булевар, што побрзо да го заврши овој проект.

-Булеварот „Васко Карангелевски“ е инвестиција која се реализира со средства од Градот Скопје и неговото финализирање е целосно во надлежност на градската администрација. За сите неопходни прашања кои се во интерес на граѓаните, Општина Аеродром е во редовна комуникација со Градот Скопје.  Имајќи предвид начинот на кој во моментов е регулиран сообраќајот, неговото нормално одвивање и безбедност на сите учесници во сообраќајот, Општина Аеродром во изминатиот период во неколку наврати, побара од Градот Скопје да ја забрза изградбата на посочениот булевар. Во оваа прилика уште еднаш апелираме до Градот Скопје да ги преземе сите неопходни активности за негово завршување, појаснуваат за Фактор од Општина Аеродром.

А. Б.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени