ОВА НЕ Е РАСПУСТ: Седете дома и учете по електронски пат, апелира Владата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Март, 2020 12:25
Учебната година не е уништена, смета министерот за образование Арбр Адеми. МОН заедно со другите образовни институции, нагласи тој, има капацитет да ја организира наставата. Веднаш по одлуката за прекин на наставата, МОН пристапи кон дефинирање на конкретрен план за да во овој период децата не го минуваат пасивно времето, туку на алтернативни начини да го продолжат образовниот процес.
-МРТВ веќе од понеделникот почна да емитува едукативна програма во рамки на проектот „ТВ-училница“ за најмладите, а за децата од градинките се емитуваат едукативни емисии и приказни прилагодени за нивната возраст. Вака ќе биде се со до стабилизирање на ситуацијата, изјави министерот за образованбие, Арбр Адеми.
Тој ја посочи општината Карпош, како позитивне пример, која веќе иницираше дигитална платформа се со цел да се надоместат изгубените образовни содржини.
-Секако ова е неформален начин на едукација и не може да го замени учењето вио училиште, но е добра солуција образовниот процес да не се прекие. Упатувам и апел до средните училишта и високообразовните институции да започнат е-настава за да псродолжат учениците и студентите да се надградуваат во овој кризен поериод.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, извести дека од вчера почната е наставата за учениците од 9 одделение, а очекуваат се да биде подготвено и за останатите одделенија.
-Наставницитре прикачуваат содржини кои се изучуваат по 8 предмети. На платформата има презентации, квизови, видео предавања од наставници. И преку овој тип на настава целта е да се надомести изгубениот материјал. Учебната година за сега не може да продолжи во училниците, но наставата мора да се прилагоди на новото време. Мојата порака е: седете дома, учете по електронски пат. Ова не е распуст, туку ситуација која бара дисциплина и одговорност од сите нас, рече градоначалникот Богоев.
А.Б
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





