05 Декември, 2025
0.0354

Ова недела хороскопот им носи убави вести на овие знаци, а само еден ќе се опари

Објавено во: Општо 10 Март, 2019 19:13

Добивај вести на Viber

Овен 

Некакви промени се нагласуваат изминативе недели. Во текот на оваа и идната недела, ќе се расчисти некоја неизвесност. Тоа значи дека и вашите финансии ќе се стабилизираат. Работата подразбира дека ќе бидете повеќе во движење или патување – било за работа или до подалечно работно место. Внимавајте со кого се здружувате или што потпишувате. Многумина ќе размислуваат за почеток на приватен бизнис, но за сега само собирајте информации. 

Бик 

Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно време е да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците. 

Близнаци 

Како резултат на одредени пречки или опструкции, ќе морате да барате мудри заобиколувања и да го контролирате своето однесување. Доволно е само да не ја расфрлувате вашата енергија, обидувајќи се да ги прибрзувате работите; на тој начин само ќе се исцрпите себеси. Наместо тоа, фокусирајте се на можноста за подобро поврзување со вашите партнери и блиски пријатели, на спонтан и иновативен начин. Искористете ја можноста да пронајдете решенија за некои хронични проблеми кои ве прогонуваат подолго време. Ќе биде потребно да гледате на работите од друга перспектива. Или пак можеби во разговорите со пријателите ќе имате блесоци на брилијантни идеи за справување со актуелните прашања и теми. 

Рак 

Можеби ќе чувствувате потреба да застанете во одбрана на вашите идеи, убедувања и ставови. Ќе имате впечаток дека другите не се согласуваат со вашиот светоглед, но навистина е тешко да се обидувате да ги менувате туѓите емоции и чувства, а посебно ако тие се вградени во камен. Ако се обидувате да го направите токму тоа, ќе станете фрустрирани и анксиозни. Мудро би било да се фокусирајте на личностите кои ги споделуваат вашите ставови и гледишта. Од никаде би можеле да се појават некои радикални и прогресивни нови идеи. Од друга страна, можете да очекувате подобрувања на материјално и практично ниво. 

Лав 

Ситуациите се менуваат и бараат од вас интелектуално да се ангажирате. Тоа нема да ви биде тешко. Од четврток имате идеи кои многу брзо можете да ги материјализирате. Кој повеќето, финансиската состојба се зголемува. Сепак, внимавајте на парите и што потпишувате. Секако, можете да сметате на нечија подршка. Внимавајте на млади и премногу амбициозни личности кои сметаат дека сте им конкуренција па можеби и да ве саботираат. 

Девица 

И покрај фактот дека некои од вас премногу сериозно гледаат на своојата животна ситуација и имаат потешкотија да ја подигнат својата креативност, сепак оваа недела би можела да биде многу поучна, па дури и забавна. Доволно ќе биде само да ги избегнувате аргументирањата кои не водат никаде и ве држат во инертна точка. Од друга страна, ова е одличен период за здружување и унапредување на односите со вашите соработници; треба да бидете повеќе интерактивни и иновативни. Кој вели дека не можете во исто време и да работите и да се забавувате?


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: