05 Мај, 2024
0.0271

Ова се градовите во кои најлесно можете да се изгубите

Објавено во: Стил 21 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Трендовите во туризмот ни говорат дека духот на еден град најдобро ќе го искусиме доколку ги занемариме водичите и се препуштиме на локалната бучава. За овие градови пак ова правило не важи. Овие седум градови се одликуваат со замрсен распоред на улици во кои би се изгубиле и најискусните патници, пишува news.com.au Бостон Распоредот на улиците во овој град зрачи со вистински мајчин американски дух, што го прави шармантен и совршен за скитање. Поголемите градски улици немаат одреден распоред и правила, што звучи збунувајќи, како за пешаците така и за возачите. Венеција Канали, мостови, кратки криви улици, слепи улици... Венеција е број еден меѓу градовите во кои може да залутате во рок од неколку минути. Изгубете се од туристичките предели, уживајте во убавината и пуштете нека улиците налик на лавиринти во водат и можеби ќе откриете змаменитост за кој не знаевте дека постои. Токио Овој град може да биде прилично збунувачки. Зрачи со брзо темпо, трепкачки светла и маркантни сцени, и токму тоа може да ве натера да го смените правецот во кој се движите. Но, тоа воопшто не е лошо, ќе имате шанса да ја откриете невообичаената страна на Токио. Јапонскиот начин на адресирање исто така е единствен и тешко ќе се навикнете на него, па многу лесно може да се изгубите дури и да знаете кде одите. Маракеш Овој град е збиен лавиринт од стари улици, гласни и пренатрупани продавници. Мирисот на необични зачини, кротките змии и специфичната архитектура лесно може да ве заведе и одвлече во непознат дел од градот. Амстердам Амстердам е како Венеција, со канали вклопени во структурата на градот, може да биде доста збунувачки. Шетајќи или возејќи велосипед долж каналот без одредена дестинација на памет ви паѓа совршен начин за откривање на скриените катчиња од овој град. Вашингтон Иако изгледот на овој град потсеќа на мрежа, за некое чудо, во него е и тоа како тешко да се снајдете. Улиците може да бидат означени со броеви, зборови или имиња на држави. Кружните текови прилично го отежнуваат движењето на велосипедистите, а пешаците можат да се збунат со имињата на улиците. Сајгон Наречен уште и Хо Чи Мин, вистинска загатка од град. Овој град е брз, единствен и преполн со скриени чуда. Познат по бројните улици, а тоа може да ги натера туристите да скитаат наоколу.