26 Април, 2024
0.0258

Ова се најлошите бизнис одлуки во историјата!

Објавено во: Стил 24 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Кога водите голем бизнис, понекогаш се случува да носите и погрешни одлуки. Ова се едни од најлошите бизнис одлуки низ историјата: 1. Кока Кола не го купила Пепси. Ова било многу одамна, но главните во Кока-кола не сметале дека Пепси може да им биде конкуренција. 2. Хари Потер. Издавачка куќа го одбива издавањето на првата книга Хари Потер. Што ли се случило со уредниците во таа куќа? 3. Маркетингот на бомбоните М&М не дозволил тие да се појават во филмот Ити на Спилберг. На нивно место се појавиле слатките Reese's чија продажба вртоглаво пораснала. 4. ABC TV го одбиле „The Cosby Show“, објаснувајќи дека публиката никогаш нема да прифати да гледа „нереална приказна за богата црнечка фамилија“. 5. The Beatles. Британска издавачка куќа Decca Records не потпишала договор со новата и непозната група The Beatles. Сметале дека се слични со тогаш популарните The Shadows. 6. Телефон. William Orton, претседателот на кооперацијата Western Union Telegraph Company го нарекол телефонот (тогаш најнов изум) електрична играчка и одбил да го купи патентот од Александар Бел. 7. “Радиото нема никаква комерцијална вредност. Кој би платил за порака која не е пратена некому посебно?“ - прашал Дејвид Сарноф во 1920 година како резултат на препораката да инвестира во производство на радио. И ја пропуштил шансата. 8. Мајкрософт. Еден од најголемите американски бизнисмени Рос Перот во 1979 година одбива да го купи Micrsoft за 15 милиони долари. 9. Нова Кока Кола. Кога почнале да губат од Пепси, креирале нов производ, т.н. Нова Кока Кола која не му се допаднала на никого, а луѓето почнале уште повеќе да купуваат Пепси. 10. „Епл тресе бебиња“. Американската компанија Apple донесе исто така лоша одлука. Пласираше апликација за iPhone на која се појавува бебе кое плаче. Со цел да го смирите, требало да го протресете iPhone-от. Apple ја повлекле апликацијата после само 2 дена поради реакции на родители и бројни организации, поради што и претрпеле извесна загуба.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти