29 Март, 2024
0.0241

Ова се седумте мачки кои имаат подобра работа од твојата

Објавено во: Стил 07 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Reader's digest избра седум мачки со подобра работа од твојата: Шпион Објавени документи од 1967 година на ЦИА покажуваат дека Агенцијата работела на програма со кодно име Acoustic Kitty . На мачките им биле прикачени уреди за прислушување, а потоа животните биле оставани на стратешки локации во Вашингтон. Откако неколку од нив загинале во исполнување на својата задача, програмата била прекината. Курир Иднината на снабдување е во Carrier Cats. Или барем така сметале во Белгија во 1800 година. Околу вратовите на 37 мачки биле поставени водоотпорни цевки кои содржеле пораки. На крајот, откако се борела со кучешката омраза кон мачките, идејата била напуштена. Полицаец Во јапонскиот град Кјото мачка се приклучи на редовите на полицијата. Животното дури располага со сопствена униформа. Вистината е дека првата полициска мачка врши повеќе работа седејќи на биро отколку што брка криминалци по улиците, посочуваат нејзините колеги од човечкиот род. Градоначалник Стубс се издигнал до највисокото ниво во хиерархијата на родниот град Талкитна во Алјаска - тој е градоначалник на населеното место. На изборите 900 жители гласаа за него, а не за неговите човекови конкуренти и денес велат дека тој е најдобриот градоначалник кој гратчето го имало . За прв пат Стубс станува градоначалник во 1997 година. Главна мачка на кралството Chief Mouser to the Cabinet Office - ова е официјалната позиција која ја зазема мачката на премиерот на Велика Британија. Титулата постои од времето на Хенри VIII . Мачка со најдолг мандат на Даунинг стрит е Вилборфорс , кој им служел во текот на осумнаесет години на Едвард Хит, Харолд Вилсон , Џим Калахан и Маргарет Тачер. Суперѕвезда Тард е мачката со најмрачната муцка во светот. Нејзината слика се појавува за прв пат на Reddit во септември 2012 година. Една година подоцна тој има безброј телевизиски настапи и се појавува на насловната страница на New York Magazine и Wall Street Journal. Бог Мачките во древниот Египет живееле живот како од приказните. Во тоа време мажите се жртвувале себеси при пожар , за да спасат мачка, а ако дошло до нејзина смрт, за неа се жалело како за роднина. Култот кон мачките дошол како резултат на нивната сличност со божицата на плодноста Бастет и заради нивната борба со глодарите. Тоа било особено важно за египетската економија, која се потпира главно на жетвата од житото.   А.А.