Ова се симптомите на „кракен“ - најзаразниот сој на корона: Слични се како кај настинка и грип
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2023 11:41
Еве ги раните симптоми на новиот вид на корона вирусот „Кракен“.
Светската здравствена организација неодамна изрази загриженост поради брзо распространетиот „Кракен“, подваријанта на микронскиот сој на корона вирусот (XBB.1.5.) кој ја зафаќа Америка, а во кој веќе се регистрирани повеќе од 70 проценти од случаите на инфекција.
СЗО верува дека ова е најзаразната подваријанта на ковидот досега откриена. Сепак, првичните информации укажуваат дека предизвикува блага клиничка слика, како и омикрон.
А еве ги сите симптоми на сојот „Кракен“ на корона вирусот:
-кивавица
-малаксаност
-главоболка
-зголемено лачење
-болки во коските
-замор
Раните симптоми се речиси идентични со омикрон. Значи, состојбата во првите денови е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Сепак, во наредните денови ситуацијата ќе почне да се усложнува и речиси на сите заразени ќе им биде потребна хоспитализација.
Според СЗО, „Кракен“ е регистриран во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Ирска, Австралија, Сингапур, Индија... Претходно денеска државниот секретар на Министерството за здравство, д-р Мирсад Џерлек, говорејќи во Дејли РТС соопшти дека се сомнева дека во Србија се појавил новиот вид на корона вирус поради зголемениот број на заразени. Сепак, се уште се чека неговото откривање, т.е. потврдување.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




