23 Ноември, 2024
0.0335

Ова се трите најинтелигенти хороскопски знаци

Објавено во: Општо 01 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Да се биде интелигентен не е исто што да и да се биде паметен. Понекогаш дури и исклучително интелигентните луѓе се склони на правење глупости, но поголемиот дел од времето имаат тенденција да донесуваат мудри одлуки. Па, откријте дали и вие спаѓате во овие 3 најинтелигентни хороскопски знаци…

Близнаци

Уште од мали нозе тие обожаваат да истражуваат и испитуваат. Тие се многу љубопитни по природа и ги интересираат нешта од различни области, иако најчесто се склони кон уметноста. Тие се многу интелигентни, па оттука доаѓа и нивната духовитост и досетливост. Токму затоа тие се најчесто окружени со луѓе со кои можат да водат конструктивни разговори, а исто така и бараат интелигентен партнер со кои ќе можат да зборуваат за сè бидејќи празните зборови не ги исполнуваат.

Скорпија

Ниту еден хороскопски знак не е толку прониклив и интуитивен како Скорпијата. Скоро и да не постои нешто кое нивниот продорен поглед и нагласено шесто сетило не би можеле да го откријат. Тие секогаш тежнеат кон тоа да почувствуваат длабочина во сите оние нешта кои ги прават и да откријат што сè се наоѓа под површината. Вие не можете да манипулирате со овој хороскопски знак бидејќи многу брзо ги откриваат скриените намери.

Стрелец

Поради нивната жива и љубопитна природа како Близнаците, тие секогаш имаат потреба да дознаат нешто повеќе, па токму затоа и делуваат малку несериозно. Но, баш напротив, тие се многу проникливи и одлично знаат да ја проценат ситуацијата. Тие исто така се и многу социјални и знаат како да се однесуваат со другите луѓе. Кога станува збор за придобивање симпатии во ново друштво, тие воопшто немаат никаков проблем бидејќи лесно ги проценуваат луѓето. Меѓу припадниците на овој знак има многу научници, додека пак математиката и природните науки им се силна страна. Тие обожаваат да вложуваат во себе и во својот интелект за време на целиот свој живот.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.