15 Декември, 2025
0.0358

„ОВА ЗАДОЛЖУВАЊЕ Е ДОГОВОРЕНО УШТЕ КОГА ВМРО-ДПМНЕ БЕШЕ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Филипче бара повлекување на Законот за заем од Унгарија

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2024 12:57

Добивај вести на Viber

Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија.

Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, да се организира јавна дебата и да се носи согласно Деловникот. Филипче кажа дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска нема да го стави на дневен ред законот за заемот.  а според новиот Деловник за работа на Собранието ако претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори или ако работното тело нема претседател, седницата ја свикува претседателот на Собранието кој го одредува и претседавачот до завршување на седницата (член 126 од Деловникот). 

-Во услови кога за првпат државата се задолжува директно од некоја друга држава, кога не постојат јасни критериуми и механизми за распределба на земените пари, кога не постои јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите, кога нема јасни одредби во законот кои тоа го гарантираат, кога има точки каде се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени за СДСМ е крајно недозволиво да се носи овој закон по скратена постапка, рече Филипче.

Според него, со носењето на законот по скратена постапка целта на Владата е граѓаните да не слушнат детално за законот и да слушнат што се крие зад ова задолжување.

-ВМРО-ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклучување на експертската јавност за носење на овој закон, рече Филипче повторувајќи дека законот е коруптивен и дека со него земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Самиот предлог закон, како што кажа, изобилува со недоречености и непознаности и треба да прецезира и да за него да има јавна дебата.

Филипче смета дека во законот има јасно видливи коруптивни елементи. - Најпрво ова задолжување е договорено уште кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, целосно вонинституционално и во четири очи. Како што тогаш бил договорен законот надвор од сите процедури така и сега владата сака да го изгласа надвор од секаква дебата и анализа. Ова СДСМ го смета за скандал, рече Филипче.

СДСМ бара да се искористат сите механизми за јавна расправа за овој закон.

Според новиот Деловник за работа на Собранието, ако претседателот на работното тело во случајов Лукавеска не свика седница во рок од 24 часа, седницата ја свикува претседателот на Собранието кој го одредува и претседавачот до завршување на седницата (член 126 од Деловникот). Во кој рок тоа треба да е направи не се прецизира.


Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани