12 Декември, 2025
0.0597

Оваа година досега просечен износ на исплатен К-15 е 24.290 денари, но го исплатиле само четвртина работодавачи

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2025 11:45

Добивај вести на Viber

На еден и пол месец до крајот на законски предвидениот рок, според податоците од УЈП, работодавачите во бруто-износ за К15 исплатиле над 3,7 милијарди денари, а за тоа уплатиле 372 милиони денари данок на личен доход. 

И со оглед на фактот дека дел од фирмите им исплатуваат многу повисоки износи од минималната сума, според пресметката на Управата, просечниот исплатен износ изнесувал 24.290 денари (минималниот К15 е 18.141 денари).

На еден и пол месец пред истекот на законската обврска за исплата на годинешниот регрес за годишен одмор, оваа обврска ја исполниле повеќе од една четвртина од газдите. Од Управата за јавни приходи за „Слободен печат“ велат дека заклучно со 4 октомври, К-15 добиле 137.840 работници, односно вкупно 11.046 работодавачи веќе ги израдувале своите вработени. Лани оваа обврска ја исполнија повеќе од 40 илјади работодавачи.

Обврската за годинешниот регрес почна од 1 јули годинава, а треба да заврши до 31 декември. Најмалиот износ се задолжителни 40 отсто од просечна тримесечна нето-плата во Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување