ОВАА КАТЕГОРИЈА НЕВРАБОТЕНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОМОШ: Државата нуди поддршка за да почнете сопствен бизнис! Еве што треба да направите
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2025 07:00
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули вчера официјално го објавија отворањето на јавниот повик за мерките 1.1 и 1.2 од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработување на невработените лица регистрирани во Агенцијата за вработување.
Мерката 1.1 е наменета за лица над 29 години и обезбедува финансиска поддршка од 430.500 денари односно 7.000 евра за основање на нов бизнис, а Мерката 1.2 се однесува за млади до 29 години, кои имаат можност да добијат поддршка до 615.000 денари или 10.000 евра за основање сопствен бизнис.
Двете мерки вклучуваат и обука за претприемништво, подготовка на бизнис план, како и шестмесечно менторство за целните групи, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, припадниците на ромската заедница и жените од руралните средини.
-Овие мерки не се само финансиска помош, туку се директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и во развојот на локалната економија, истакна министерот на прес-конференција во Владата.
Според Белули, целта на мерките е поддршка на претприемништвото.
-Мерките ќе обезбедат одржливи вработувања и ќе овозможат создавање, како и рамномерна дистрибуција на економските субјекти низ осумте плански региони во државата. Процесот на селекција се одвива низ неколку фази, а ќе се поддржат најдобри идеи и бизнис планови, нагласи директорот и ги повика граѓаните да се јават на повикот.
Сите 30 центри на Агенцијата, дополни, се подготвени за прием на апликациите.
-Според наша проценка, интересот на невработените е висок и до 10.30 часот се поднесени скоро над 200 апликации, информира директорот.
Претходно, владината портпаролка Венера Азизи потсети дека со Оперативниот план за 2025 година директно ќе бидат опфатени над 16.000 граѓани. Планот се потпира на рекорден буџет од 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе од минатата година и претставува најамбициозна инвестиција на Владата во областа на вработувањето и социо-економскиот развој.
-Она што го правиме не се апстрактни мерки, туку конкретни активности кон поправеден и поинклузивен пазар на трудот. Остануваме силно посветени младите да бидат во фокусот на нашите политики зашто тие се најперспективната енергија на оваа земја. Постојано инвестираме во мерки кои ја поттикнуваат самовработеноста, развојот на вештини и претприемништвото, затоа што веруваме дека секоја поддржана идеја денес е уште една можност за развој утре, рече Азизи.Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




