„ОВАА МИСИЈА ЈА БРАНИ НАШАТА ТАТКОВИНА, ГИ ОТСТРАНУВА НАРКОТЕРОРИСТИТЕ“: Хегсет за операцијата „Јужно копје“
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2025 09:23
Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, го најави почетокот на операцијата „Јужно копје“, за која рече дека ќе ги има за цел „наркотерористите“ и ќе ги заштити САД од дрогата што ги убива луѓето.
„Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди акција, а Министерството за војна ја спроведува. Денеска ја објавувам операцијата „Јужно копје“, напиша Хегсет во објава на социјалната мрежа X.
Потоа додаде „предводена од Заедничката работна група „Јужно копје“ и @SOUTHCOM, оваа мисија ја брани нашата татковина, ги отстранува наркотерористите од нашата хемисфера и ја обезбедува нашата татковина од дрогата што ги убива нашите луѓе. Западната хемисфера е соседство на Америка - и ние ќе ја заштитиме“.
President Trump ordered action — and the Department of War is delivering.
Today, I’m announcing Operation SOUTHERN SPEAR.
Led by Joint Task Force Southern Spear and @SOUTHCOM, this mission defends our Homeland, removes narco-terrorists from our Hemisphere, and secures our…
Според „Аксиос“, не е сосема јасно дали Хегсет се осврнувал на тековните американски операции во близина на Венецуела и пошироко, или станува збор за нова, проширена мисија.
Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со состаноците во Белата куќа, пишува дека станува збор за нови напади врз бродови што транспортираат дрога и потсетува дека во услови на растечки тензии меѓу САД и Венецуела, високи американски воени претставници му ги презентирале на претседателот на САД, Доналд Трамп, ажурираните опции за потенцијални операции во Венецуела, вклучително и копнени напади.
Министерот за војна, Пит Хегсет, претседателот на Здружениот штаб, Ден Кејн, и други високи функционери го информирале Трамп за можните воени опции за наредните денови, но не е донесена конечна одлука, изјавија два извори за Си-Би-Ес Њуз (CBS News).
Портпаролот на Белата куќа не даде веднаш коментар, додека портпаролот на Пентагон одби да коментира.
Американската разузнавачка заедница помогна да се обезбедат информации за потенцијални операции.
Претходно неделава, носачот на авиони „УСС Џералд Форд“ влезе во зоната на одговорност на Јужната команда на САД, главната борбена единица за операции во Карибите и Јужна Америка, и се придружи на флотилата од разурнувачи и средства за специјални операции што веќе се наоѓаат во регионот.
Во изминатите два месеци, американската војска изврши рација во најмалку 20 бродови за кои вели дека транспортирале дрога од Јужна Америка во САД, при што беа убиени најмалку 80 наводни шверцери.
Фото: EPA/YONHAP / POOL SOUTH KOREA OUT
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




