19 Април, 2024
0.0296

Оваа земја најмногу влијае на нуклеарната драма во светот, а не е Северна Кореја

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Во ек на тензии помеѓу САД и Северна Кореја, често се споменува опасноста од нуклеарна војна. Меѓутоа, доколку навлегуваме во детали, знаеме дека клучен елемент за составување нуклеарни бомби е ураниумот. Повеќе од третина од природниот елемент на глобалниот пазар го извезе една поранешна советска република.

Нивното влијание на глобалниот пазар исто така е големо што државната компанија "KazAtomProm" неодамна најави дека во наредните неколку години ќе ги намали испораките за 20 отсто како би поттикнала раст на цените на сировината.

Се работи за Казахстан, девета држава по површина во светот и поранешна членка на Советскиот сојуз која некогаш била дом на главниот полигон на СССР за тестирање на нуклеарно оружје.

Казахстан денес произведува сировина за повеќе од една третина нуклеарно гориво во светот и е материјал неопходен за правење на атомски бомби.

Според податоците на Советската нуклеарна асоцијација, поранешната република во централна Азија обезбедила во 2016-та година 39 отсто од глобалните испораки на ураниум.

Евтина и лесна експлоатација

Оваа земја лежи на 12 отсто од светските резерви на ураниум, чија експлоатација е релативно лесна, а со самото тоа и евтина.

„До пред неколку години беа прилично заостанати зад Канада и Австралија, кои беа најголеми произведувачи. Сега остварија голем напредок“, вели Метју Бан , професор во факултетот за менаџмент при Универзитетот Хардвард.

Казахстан има една предност која Канада и Австралија ја немаат.

„Во споредба со други делови од светот, преспективите овде се многу атрактивни поради ниските трошоци. Тоа привлече многу западни инвеститори“, објаснува Николас Картер, заменик извршен претседател на компанијата UXC за консалтинг во областа на нуклеарна индустрија.

Странските вложувачи во меѓувреме осигураа значајни удели во десетина од вкупно 17 казахстански рудници.

Нуклеарна сила

Казахстан не е воена диктатура која кажи-речи сака да чекори со Западот, но не е ни пример за демократска земја. Претседателот Нурсултан Назарбајев, кој е на власт скоро 30 години често е на мета на критики поради политичкиот систем кој пружа малку простор за конкурентската борба. Има ли причини за страв дека земјата ќе користи ураниум за производство на нуклеарно оружје?

Накратко, не, пишуваат странски медиуми.

Казахстан не е во можност да се збогатува со ураниум, што е прв чекор во создавање на нуклеарен арсенал. Издвојување на ураниум - 235 , кој покренува нуклеарни реактори и се користи во производство на атомски бомби, од ураниум -238, природно добиен од рудници, се бара напредна технологија и експертиза, какви што постојат во соседна Русија, но не и во Казахстан.

Што е уште поважно, Казахстан отворено се обврза на партнерство во неширење нуклеарно вооружување: лани, МАА отвори „банка на ураниум“ на тло на Казахстан , со цел да спречи збогатување со ураниум складирајќи ниско збогатен ураниум за цивилни потреби.

Бан додава дека казахстанската рударска индустрија веќе одамна се докажала како доверлива, а нејзината сировина е клучен елемент на глобалниот пазар.

Можеби ќе ве интересира

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште