ОВДЕ БАЛАНСОТ МЕЃУ РАБОТА И ЖИВОТ Е НАЈДОБАР: Колку подолго работно време толку помалку време за себе
Објавено во: Стил 11 Октомври, 2019 20:03
Ако сте фрустрирани со рамнотежата на животот и работата, можеби ќе сакате да размислите да се преселите во Холандија.
Имено, според најновите истражувања на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Холанѓаните не работат премногу напорно и имаат доволно слободно време и за одмор и за спиење.
Индексот на ОЕЦД ги рангира земјите според тоа колку добро граѓаните можат да го балансираат приватниот живот и работата.
Холандија е индексирана со дури 9,5 од максимум 10 поени, по што следат Италија со индекс од 9,4 и Данска со 9.
На другата страна на списокот со 40 земји, на дното, се Колумбија и Мексико.
Само 0,4 проценти од вработените во Холандија работат „многу долги“ часови - работно време подолго од 50 часа неделно. Колку е тоа малку покажува фактот што просечниот процент на луѓе кои работат премногу долго е 11 отсто.
Премногу работа е опасност за здравјето
„Долгото работно време може да биде штетно за здравјето. Колку повеќе луѓето работат, толку помалку време имаат за други потребни активности, како што е личното внимание или слободното време“, се вели во студијата.
Истражувањето исто така го мери количеството на време што еден вработен со полно работно време го поминува на одмори и како лична грижа или слободно време.
Италија е на врвот на овој индикатор со 16,5 часа, а потоа следат Франција, Шпанија и Данска.
Во индексот на ОЕЦД, сите 10 први места ги зазедоа европските земји. САДсе рангираат на 27-то место, со 11 проценти од луѓето таму работат премногу долго.
Истражувањето покажало дека од лошата динамика на приватниот и деловен живот најмногу погодени се семејствата така што ОЕЦД ги советува владите да помогнат во решавање на ова преку промовирање флексибилни работни практики.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





