Овие 3 хороскопски знаци го оставаат спротивниот пол без здив! Проверете дали сте меѓу нив
Објавено во: Општо 03 Септември, 2016
Некои хороскопски знаци едноставно имаат магнетска привлечност и го освојуваат спротивниот пол без да кажат ниту еден збор. Мислите дека и вие спаѓате во оваа група? Проверете.
Еве кои три знаци имаат невиден талент за флерт и се им оди од рака во љубовта:
Бик
Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност. Клучен адут му е спонтаноста, а во креветот ја знае целата Камасутра иако никогаш не ја прочитал. Знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи.
Близнаци
Близнаците се кралеви на шармот. На нив не може да им се одолее. Уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично се надарени со добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот.
Скорпија
Скорпиите се тешки за игнорирање. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да ве задоволат до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и делува како вид на зависност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.