05 Декември, 2025
0.0411

Овие ДВА хороскопски знаци ќе имаат неочекуван прилив на пари на крајот на 2016 година!

Објавено во: Општо 01 Септември, 2016 15:52

Добивај вести на Viber

Дознајте кои два хороскопски знаци ги очекува во наредниот период дополнителен прилив на средства.

БИК

По 1 октомври ве очекува зголемување на вашата самодоверба, со што лесно ќе достигнувате успеси во професионалниот свет, но и ќе добивате поддршка од вашите претпоставени што ќе ви донесе многу моќ во вашата кариера.

Во периодот меѓу 11 ноември и 3 декември ве очекуваат унапредувања во кариерата кои ќе водат кон зголемено богатство и моќ. Патувањата кои ќе се случат во овој период исто така ќе ви донесат нов поглед кон животот и ќе бидат запаметени како неверојатни животни искуства. Генерално, во овој период ве очекува многу задоволителна фаза.

ЈАРЕЦ

Најдобриот период ве очекува меѓу 20 октомври и 20 ноември бидејќи ве очекуваат многу можности за добри инвестиции и заработувачка, но и добри финансиски договори. Вашите лични врски ќе имаат позитивна нота и ќе се соочите со позитивен личен развој и самодоверба.

Периодот меѓу 7 и 27 декември носи оптимизам и верба во себеси. Овој период носи голема шанса за раст, успех и среќа. Ќе почувствувате потреба да ги раширите своите хоризонти, да пробате нови нешта, подобри и поголеми работи и да се забавувате повеќе. Но, важно е да се насочите на нештата кои ви се навистина важни и кои можете да ги постигнете доколку не барате премногу.
Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: