20 Април, 2024
0.0259

Овие четири видови луѓе ќе ве повлечат на дно, затоа избегнувајте ги!

Објавено во: Стил 08 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Луѓето влегуваат во нашиот живот од многубројни причини. Некои стануваат пријатели, љубовници или партнери, додека некои ни помагаат да надминеме многубројни препреки со кои можеме да се соочиме на животниот пат. Сепак , постојат и такви луѓе поради кои се запрашуваме поради што сме ги пуштиле во животот и прилично ни го тестираат трпението. Постојат многу типови особини, но следните четири дефинитивно сакате да ги избегнувате.

 Искористувач 

По природа, ова е егоистична личност. Се работи за мајстори по манипулација кои се служат со разни трикови со цел постигнување и добивање на она што го сакаат, без ниту малку сочувство околу било чии емоции освен сопствените. Често го оправдуваат своето однесување како би им дале смисла на своите постапки. Обично се „хранат“ со личности кои се нежни, добри и чувствителни. Најдобро ќе ги опишеме ако кажеме дека тоа се тивки урагани кои низ нашиот живот поминуваат со уништувачка сила. 

Озборувач

 Личности кои се чувствуваат несигурно шират гласини и трачеви за други. Поради тоа се чувствуваат подобро. Озборувачот е отровна нитна во секое друштво. Се храни со несреќа и грешки на другите луѓе, најчесто преувеличувајќи ја вистината. Подготвен е на се, само за да привлече внимание. Смислува приказни од досада, само поради тоа да стане популарен и имал некој вид на моќ и контрола над ситуацијата. Најдобро што можете да направите е да се оддалечите од такви лица и да не бидете дел од нивни сплетки. 

Личност која обвинува други

Овој вид на личност сигурно ви е добро познат. Се работи за личност која со задоволство и секогаш го вперува прстот во други луѓе. Глуми жртва и маченик. Ваквата личност има многу ниско ниво на смаоконтрола и самодоверба. Ќе направи се што е потребно за вината и одговорноста за своите постапки ги префрли на други. 

Намќор 

Познавате ли таква личност? Таа која на многу драматичен начин сака да каже: „Сирот јас“? Овој тип на личност црпи енергија во секој поглед. Во состојба е да пронајде замерка на се, но да седи со прекрстени раце и ништо да не направи (дури и кога може) да ја поправи ситуацијата. Секогаш некој друг е виновен. Секогаш некој друг им посакува зло. Изигрува жртва до сама срж. Во состојба е со часови да зборува со многу негативен став само за да добие внимание од околината. И, никому не му е тешко како нему. А, вие запрашајте се зошто таква личност имате во својот живот.  


Фото/Извор: Атма

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган