02 Јануари, 2025
0.0319

„ОВИЕ ИЗБОРИ ИСПРАТИЈА ДВЕ ПОРАКИ“: Урсула фон дер Лајен по вчерашната победа порача „сите сакаме силна Европа“

Објавено во: Свет 10 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

„Ова е голем ден за ЕПП. Ние сме најсилната партија и сидрото на стабилноста и тоа го препознаа гласачите. Учествував во кампањата во 17 држави и 31 град и ги слушав грижите, но слушнав дека граѓаните се грижат за нашата Унија“, рече Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која и се обрати на јавноста по изборите за Европскиот парламент, кои покажаа дека има водство. 

„Овие избори ни испратија две пораки. Прво, мнозинството е во центарот за силна Европа и центарот ја задржа својата сила: исто така е точно дека екстремните лево и десно ја добија својата поддршка и затоа овој резултат е порака за партиите на центар. Иако не се согласуваме за се, сите имаме исти ставови во однос на стабилноста и сите сакаме силна Европа. Затоа од утре ќе им се обратиме на големите семејства, поточно на социјалистите, демократите и Рењу, со кои добро соработувавме во изминатите години“, додаде таа.

Имено, екстремистите од лево и од десно добија поголема поддршка на европските изборите, но партиите на центарот го задржаа мнозинството Европскиот парламент и мнозинството Европејци покажаа дека сакаат силна Европа, порача претседателката на Европската комисија и „шпиценкандидатка“ на Европската народна партија (ЕПП), Урсула фон дер Лајен. 

- Денеска е добар ден за Европската народна партија. Победивме на европските избори, истакна Фон дер Лајен пред новинарите во Европскиот парламент, заблагодарувајќи им на европските гласачи за укажаната доверба. 

Според неа, иако дел од гласачите им изразија доверба на десните и на левите екстремисти, партиите во центарот сепак го задржаа мнозинството, но таквиот резултат доаѓа со поголема одговорност. 

Како и претходно во обраќањето пред симпатизерите на ЕПП во Брисел и пред новинарите во Европарламентот, Фон дер Лајен нагласи дека Европската народна партија е „сидрото на стабилноста“ на ЕУ. 

Потенцирајќи дека сите имаат интерес за стабилност, Фон дер Лајен најави дека „од утре“ ЕПП ќе започне разговори со Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) за продолжување на изградбата на „конструктивниот и докажан однос“ 

- Мој цел е да продолжиме по истиот пат со оние кои се ориентирани проевропски, проукраински и про-владеење на правото, додаде Фон дер Лајен. 

Според неа, во услови кога светот околу нас е во немир, има „некои“ кои се обидуваат да ја ослабат Европа, но дека проевропските сили никогаш нема да дозволат тоа да се случи. 

- Овие изборни резултати покажуваат дека мнозинството Европејци сакаат силна Европа, рече Фон дер Лајен. 

Според се уште нецелосните резултати од европските избори, што се одржаа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ, како што јави дописникот на МИА од Брисел, десно центристичката ЕПП освои 191 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници.

Трета политичка сила остануваат либералите со 83 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 57 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 35 места.    

Останатите 95 мандати во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група, меѓу кои нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ).  

Ваквите резултати ги зголемуваат шансите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е „шпиценкандидатка“ на ЕПП, за реизбор на функцијата.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА РАКЕТИРАШЕ СЕЛО ВО КУРСК: Оштетен е и важен објект

УКРАИНА РАКЕТИРАШЕ СЕЛО ВО КУРСК: Оштетен е и важен објект

НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ИТАЛИЈА: Бездомник од Македонија е пронајден мртов

НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ИТАЛИЈА: Бездомник од Македонија е пронајден мртов

Русија влегува во пресметка со мигрантите: Новите мерки ја ограничуваат слободата, бракот и сопственоста

Русија влегува во пресметка со мигрантите: Новите мерки ја ограничуваат слободата, бракот и сопственоста

ВО КОЈ ЕВРОПСКИ ГРАД Е НАЈДОБРО ДА СЕ КУПИ СТАН? Ваква инвестиција носи многу пари

ВО КОЈ ЕВРОПСКИ ГРАД Е НАЈДОБРО ДА СЕ КУПИ СТАН? Ваква инвестиција носи многу пари

„ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА Е ПОМИНАТА“: Новогодишната ноќ во Германија како „граѓанска војна“, се бара промена на законите

„ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА Е ПОМИНАТА“: Новогодишната ноќ во Германија како „граѓанска војна“, се бара промена на законите

ПОБРЗО И МНОГУ ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКА ВИЗА ВО 2025: Некои ќе имаат приоритет, итно им треба нова работна сила

ПОБРЗО И МНОГУ ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКА ВИЗА ВО 2025: Некои ќе имаат приоритет, итно им треба нова работна сила

Зошто Гренланд му е интересен на Трамп?

Зошто Гренланд му е интересен на Трамп?

Милано од денес испишува историја, забрането пушење на отворено освен е-цигари

Милано од денес испишува историја, забрането пушење на отворено освен е-цигари

НОВА ГОДИНА: Кои се земјите кои последни ќе ја дочекаат 2025?

НОВА ГОДИНА: Кои се земјите кои последни ќе ја дочекаат 2025?