Овие луѓе ги имаат најдобрите професии на светот!
Објавено во: Стил 17 Октомври, 2013 22:16
Тој патува низ светот , за да ги процени автомобилите од марката Ferrari и евентуално да ви предложи да ги купите . Има своја база на клиенти, а работи во Цирих , Швајцарија. Неговите клиенти го праќаат да разгледува скапи Ferrari автомобили и да процени дали возилото вреди за износот што неговиот клиент е подготвен да го плати . Масини е експерт за автомобили и затоа милионерите имаат доверба и се потпираат на него за да направат добра зделка. Тој вели дека да купите класично Ferrari за помалку од 1 милион долари е " измама" .
Организатор на мега-забави - Колин Коуи
Работи во Њујорк и обично прави забави за славните личности како Опра Винфри и Том Круз . Работите кои ги организира , се толку големи што не се само забави туку " настани " . Специјалист е и за луксузни свадби.
Специјалист за ентериер на приватни авиони -Ерик Рот
Неговата компанија International Jet Interiors е базирана во Њујорк, а меѓу неговите клиенти се холивудски ѕвезди и шеици од Блискиот Исток . Тој тотално ја преобразува внатрешноста на авионите така што прва класа е ништо во споредба со неговите дизајни. Меѓу најпознатите екстравагантни идеи се тоалетот чинија , обложена со кожа од алигатор , златни столчиња, киното сала во авион и др .
Гради јахти за милионери - Хенк де Врис
Неговата компанија Feadship yachts е со седиште во Амстердам и е една од најпознатите компании кои градат јахти. Меѓу неговите клиенти биле Стив Џобс и Лари Елисон .
Дилер на Lamborghini - Брет Дејвид
Неговата компанијата Prestige Imports е со седиште во Мајами, а Брет Дејвид нема поим што значи тоа да оди на работа со градски транспорт. Тој оди на работа со позлатено Lamborghini, а нема ни 30 години иако е веќе е шеф на најголемата компанија за продажба на Lamborghini во САД . Вели дека до сега има продадено автомобили за повеќе од 2 милијарди долари , а првото Lamborghini и го продал на раперката Мис Елиот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





