18 Мај, 2024
0.0722

Овие сиптоми не треба да ги игнорирате!

Објавено во: Стил 21 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Веќе знаете дека очигледните симптоми како болка во градите или абдоминална болка побаруваат итен медицински третман. Но постојат и не толку очигледни симптоми за кои се прашувате дали да побарате медицинска помош. Следува листа на симптоми кои барем ќе ве замислат за да се јавите на доктор. Додека некои се повеќе ургентни од другите ниту еден не треба да биде игнориран.

1. Неочекуван губиток на телесна тежина 

Да се намалат килограмите и кога не сакате да се потрудите т.е кога не држите диета звучи многу добро, но реално може да претставува медицински проблем. Ако изгубите 10 проценти од тежината за време од 6 месеци – посетете го вашиот матичен доктор. Неочекуван пад на тежината може да биде предизвикан од голем број на состојби како на пример премногу активна тироидеа (хипертиреодизам), депресија, заболување на црниот дроб, рак или други неканцерозни болести, или нарушувања во абсорпцијата на нутритиентите.  2. Перзистентна или висока температура

Високата температура не е болест, но често е знак за болест. Најчесто покачена телесна температура значи дека вашето тело се бори со вирусна или бактериска инфекција. Меѓутоа, перзистентна висока температура – преку 38,9 С која трае повеќе од три дена треба да биде проверена од доктор. Слично, и при повисока температура од 40С или ако сте болни на било кој друг начин, треба да посетите доктор. Ако имате проблем со имуниот систем или земате лекови кои го супримираат имуниот систем, високата температура не е сигурен симптом. Посетете го матичниот лекар или вашиот онколог за да ја процени состојбата. Високата температура може да биде сигнал за скриена инфекција, која може да се движи од уринарна инфекција па до туберкулоза. Понекогаш и малигните состојби како лимфомите можат да предизвикаат пролонгирана висока температура.

3. Недостаток на воздух

Ако почуствувате недостаток на воздух – а не е предизвикан од затнат нос или од физички вежби – може да биде сигнал за прикриен здравствен проблем. Ако не сте во можност да се изборите за воздух веднаш побарајте медицинска помош. Недостатокот на воздух кога лежите и одмарате е симптом кој мора да биде медицински проценет.

Како причини за недостаток на воздух можат да бидат хрооничната обструктивна белодробна болест или ХОББ, хроничен бронхит, астма, пневмонија, пулмонарен едем како и други проблеми со срцето и белите дробови. Потешкотии со дишењето се јавуваат и при панични напади, кои се епизоди на интензивна анксиозност и кои ги причинуваат органските симптоми.

4. Необјаснети промени во гастроинтестиналниот тракт Луѓето често се прашуваат што е нормално во однос на дефекацијата. Се смета дека се што е од три пати на ден до три пати неделно е во границите на нормалата. Дознајте што е типично за вас. Посетете доктор ако зебележите некои од следниве симптоми: - Крвав измет (столица) - Проливи кои траат повеќе од една недела - Запек кој трае повеќе од три недели - Необјасниви итни нагони за дефекација - Црно колорирана столица Промените во дефекацијата можат да бидат сигнал за бактериска инфекција како campylobacter или салмонела или пак за вирусна инфекција. Како други причини можат да се јават и воспалителни промени на колонот или рак на дебелото црево. 5. Делириум Делириумот претставува ненадејна и тешка промена на свеста и брза промена на менталната состојба како од летаргија до агитација. Блиските пријатели или членовите на семејството се првите кои ја забележуваат промената. Потребна е итна лекарска помош ако имате некои од сипмптомите: - Изненадно конфузно размислување - Дезориентација – збунетост за време и место - Промени на личноста или промени во однесувањето, како агресивност - Ненадејни проблеми со концентрацијата или меморијата Промените во однесувањето можат да бидат резултат на многу проблеми, вклучувајќи и инфекции, анемија, низок крвен шеќер, психијатриски состојби или како резултат на одредени лекарства особени оние што почнале да се ординираат неодамна.