Овие трикови го спречуваат дебелеењето во зима!
Објавено во: Стил 05 Ноември, 2014 20:08
Во зима носиме комотна облека, повеќе јадеме и вишокот килограми брзо се прикрадува. Нутриционистите сепак имаат неколку идеи како да ја одбегнете зимската храна и да ја дочекате пролетта со витка линија.
Некои истражувања покажале дека човек во зима во просек се дбелее до два килограми, објавил England Journal of Medicine, а кога ќе се приближи пролетта и ни се заканува потенка облека вишокот килограми не е лесно да се симнат.
Како да одбегнете вишок на килограми во зима, а и понатаму да уживате во храната советува totalbeauty.com кој собрал стручњаци од подрачјето на исхраната и побарал совети.
Течност
Во лето логично е да се испие по некоја чаша повеќе вода и многу се потиме, но на телото му е потребна течност и во зима. Ако заборавате да пиете течности во ладните денови може да се случи телото да ви дава сигнали, а вие ги заменувате со глад и беспотребно јадете. За да бидете сигурни дека пиете доволна количина на течност обидете се со оваа метода: немојте да одите на ручек ако не сте испиле две чаши вода од доручекот, а истото правило применете го и до вечерата и пред спиење.
Бидете креативни
Зимата е идеално годишно време за дебелеење бидејки сите поминуваат многу време во своите домови и уживаат во храна со малку движење. Затоа е важно вашите деликатеси да ги подготвувате со продукти кои имаат помалку масти и калории. Доволно е малку да ја вклучите фантазијата и да ги читате декларациите на производите.
Доручек
Кратките денови се совршен изговор за недостаток на време и желба кога вежбањето е во прашање па треба попаметно да ја распоредите количината на храна во оброци. Нутриционистот Сари Грејвс препорачува доручек од 200 до 300 калории, но со цели житарки и квалитетни продукти. Главна причина за тоа е што телото подолго време ќе има повеќе енергија и нема да се чувствувате уморни како кога јадете бело печиво или производи од фурна во кои има бел шеќер и лоши јагленихидрати. Ако не вежбате редовно, телото сигурно ќе има недостаток на енергија, а ако ја додадете кон тоа и лошата исхрана, цела зима ќе бидете уморни.
Сезонски продукти
Бирајте сезонски продукти и обидете се да ги купите што посвежи од локлното подрачје. Овошјето и зеленчукот мора секојдневно да се најде на менито бидејки имаат малку калории, а многу влакна и вода па ве прават сити. Кога сте во набавка бирајте тикви, крушки, мандарини, лимон, брокула или прокељ.
Намалете ги порциите
Кој би можел да му одолее на готвењето и печењето во зима, кога мирисите од кујната го сочинуваат домот совршен? Но, за да го спречите вишокот на килограми пред печење на колач размислете кому ќе му го поделите вишокот? Тоа може да бидат соседи, пријатели или некој трет, а за себе оставете мала количина која не ја загрозува вашата линија.
Готевете на скара
Само затоа што не можете да правите скара надвор, не значи дека цела храна треба да се пржи на масло. Користете електрична скара и припремете храна на поздрав начин, со помалку масло. Тоа е уште еден од начините да уживате во храната, а да не рескирате вишок на килограми.
Варете супи
Освен што греат во ладните денови, идеални се бидејки имаат малку калории. Joan Salge Blake од Академијата за нутриција и диететика има еден трик со супа – секогаш јаде помала чинија супа пред ручек бидејки така се заситува па не јаде премногу од останатата храна и не внесува калории повеќе од што е потребно. Додава дека со ова може да внесете и до 20% помалку калории од вообичаено, што покажало истражувањето на државниот универзитет во Пенсилванија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





