18 Мај, 2024
0.0269

Овој бездомник и дал 130.000 евра на жената која му помогнала!

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Кинескиот претприемач Хе Ронгфенг денеска е милионер, а некогаш бил бездомник...

Додека овој 38-годишник живеал на улица, во почетокот на 90-тите години, во својот дом го примила жена по име Даи Кингфен.

Него и уште двајца бездомници великодушната жена ги нахранила и им дала пари за патни карти.

„Таа вечер ни рече дека не е срамота да се биде без пари и дека треба да тежнееме кон тоа да бидеме добри луѓе“, се присетува Ронгфенг кој на крајот успеал да се извлече од сиромаштијата. Сепак, никогаш не престанал да мисли на жената која му помогнала кога му било најтешко.

После долга и упорна потрага, успеал да ја пронајде. Кингфен денеска е сопственичка на продавница за тестенини во Таиџоу. Ронгфенг после многу години и тропнал на врата и, за да и се заблагодари за несебичната помош и понудил чек во вредност од 130.000 евра.

Меѓутоа, скромната жена ги одбила парите, но ја прифатила плакатата на која Ронгфенг напишал:„Мојата благодарност е голема како планина“.