Овој град се бори да биде најважен финансиски центар во Европа
Објавено во: Свет 07 Август, 2017
Главниот град на Франција се бори да биде најважен финансиски центар во Европа.
Министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мари изјави дека Париз ќе го победи Франкфурт во битката за водечки финансиски центар на Европската унија (ЕУ), по излегувањето на Велика Британија.
„Ќе ги донесеме најтешките одлуки и ќе ги намалиме француските даноци, ќе ја направиме нашата земја попривлечна. Ќе победиме во трката“- вели Ле Мари во телевизиското интервју од својата канцеларија во Источен Париз.
Париз се надева дека ќе привлече 20.000 работни места од Велика Британија, велат од водечката финансиска лобистичка група во Франција „Paris Europlace“. Франција се обидува да го направи Париз и дом на Европскиот банкарски орган, тврдејќи дека може да понуди стабилност и континуитет.
Лани Велика Британија гласаше да излезе од ЕУ, по што Франција се одржа во битка со Германија и Ирска, за да освои дел од финансиската индустрија, која планира да се пресели од Лондон.
Цврстите правила при разрешувањето на вработените, како и високите даноци сепак ги ограничуваат напорите на Франција.
Како резултат на тоа Франкфурт веќе заработил околу два пати повеќе обврски за преместување од најголемите банки во споредба со Париз.
Париз е на 29-то место на листата на „Global Financial Centres Index“ на „Z/Yen Group“ – малку пред Казабланка и по Минхен. Лондон е на чело на листата, следен од Њујорк и Сингапур.