Овој хороскопски знак е предодреден да биде победник
Објавено во: Општо 27 Октомври, 2016 21:11
Типична претставничка од групата на земјени хороскопски знаци, која цврсто стои на земјата и не е склона на фантазирање, туку живее во реалноста и зема од неа колку што може повеќе. Претпоставувате дека станува збор за Јарец.
Неверојатно силна, дамата Јарец може да ги преброди сите животни препреки, а секој проблем го решава смирено. Иако на момент може да изгледа ладно и резервирано, сепак под површината се крие дама со одлична смисла за хумор, која копнее по сигурност. Своите амбиции е подготвена да ги жртвува само поради семејството. По природа не се вљубува лесно на прв поглед, ниту сака да го губи своето време на бесмислен флерт. Љубовта за неа е сериозна работа и, ако некој и се допаѓа, нема сè да ѝ препушти на судбината, бидејќи е свесна за своите способности и работите ќе ги земе во свои раце и ќе се погрижи да го добие мажот што го посакува.
Сака да биде рамноправна со својот партнер, а на него секогаш ќе му биде поддршка, особено во тешките моменти. Совршен партнер за неа е некој кој сака да успее во животот колку и самата таа. Идеални партнери за неа се Бикот и Девицата, бидејќи тие знаат да продрат до нејзиното срце, додека, пак, Ракот во целост ќе ги задоволи нејзините емоционални потреби.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





