Овој хороскопски знак секогаш го следи моќ, успех и среќа!
Објавено во: Општо 01 Септември, 2016 20:01
Се вели дека секој е кројач на сопствената среќа, но сепак и ѕвездите имаат големо влијание врз сето тоа. Познато е дека постои еден хороскопски знак кому сите врати му се отворени, треба само да знае како да го искористи тоа.
Овој знак е Стрелецот.
Планетата која владее со овој знак е Јупитер – планетата на моќта, успехот и среќата. Овој знак, исто како и планетата владетел, е знак на среќа, веселба и егзотика. Секогаш подготвен за нова авантура со блескава насмевка на лицето. Нему му се отворени сите врати и ни една препрека на патот не може да го сопре.
Стрелецот е голем љубител на добрата храна, пијалаци и музика. Тој е вечен борец против неправдите, а пријателството претставува важен сегмент од неговиот живот. Неговиот млад дух е надополнет од убавиот надворешен изглед и спортската физичка градба.
Стрелецот има отмена природа која прилега на аристократ и оттаму произлегува неговиот интерес за поблагородни спортови како што е тенисот. Иако негува почит спрема традиционалните вредности, тој понекогаш знае да биде и бунтовник и не се води слепо по општоприфатените морални начела. Соработката со други луѓе не му е баш најјака страна бидејќи знае да биде строг и комплициран. Понекогаш знае и да казнува ако неговите барања не се исполнети во целост. За овој хедонист по природа нема поголема казна од недостатокот на време и пари.
Животните цели и желби на овој знак се навистина големи, но остварливи. Меѓу претставниците на овој знак се музичките легенди како Френк Синатра и Тина Тарнер чиј постигнат успех сè уште трае и остава траги. Стрелецот силно верува во себе и своите способности, а добро познато е дека на тој што има силна верба сите врати му се отворени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





