ПАЦИЕНТИТЕ СЕ СТАБИЛНИ, НО СЕ СТРАВУВА ОД ВЛОШУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ - надлежните со детали за хоспитализираните по пожарот во Кочани
Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 11:15
Релативно стабилна е состојбата на повредените во дискотеката, но не може да се каже каква ќе биде состојбата понатаму, бидејќи се уште е рано, рече денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски, во изјава за медиумите.
Тој укажа дека на одделот „пластика“ имало хоспитализирано 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, Траума 2, Детска хирургија 4, Карил 14, Стара градска 12, градска општа болница „8 Септември“ 18, Штип 3, Пулмологија 2, или вкупно 89 пациенти во земјава.
Вкупно 76 пациенти се транспортирани на лекување во странство, од кои последните ноќеска биле префрлени во Хрватска, Словенија и Виена по двајца, тројца во Атина.
Планирани биле уште префрлувања во странство. Во Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија.
Стигнати биле доктори од неколку странски земји. Докторите од Белгија биле на терен и правеле анализа на најтешко повредените на КАРИЛ.
Од Израел дошле неколкумина а се очекуваме уште неколку, ќе биле распределени во Клинички центар и ,,8 Септември". Пристигнале и по шест доктори од Чешка и ВМА од Белград.
Андов соопшти дека од шест пациенти во Анкара од кои првично пет биле интубирани, сега биле екстубирани, значи состојбата им се подобрила.
- Останатите 13 пациенти се стабилни, но кај четворица од нив не сме целосно задоволни од нивната состојба. Бидејќи станува збор за изгореници на горните дишни патишта и за труење со јаглерод моноксид, очекуваме компликации. Труењето со токсични гасови може да доведе до доцни последици во наредните 10 дена – објасни Чибишев.
Тој истакна дека во Клиниката за токсикологија доаѓаат и пациенти кои се исплашени и сакаат да проверат дали имаат последици од вдишување гасови. На сите ним им се прават детални клинички испитувања за да не се пропушти потенцијален здравствен проблем.
Во меѓувреме, сите пациенти добиваат соодветен третман, но сепак, капацитетите во соседните земји се веќе исполнети, па пациентите кои треба да се префрлат во странство ќе бидат испраќани во подалечни држави како Полска, Австрија, Италија и други, појаснува директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Во земјава пристигнале медицински екипи од Израел, Белгија и Србија, а се очекува и дополнителен тим да пристигне наскоро за да помогне во третманот на повредените.
Здравствените власти остануваат во координација со меѓународните партнери за понатамошно згрижување на пациентите, додека домашните клиники внимателно го следат развојот на нивната состојба.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИАМожеби ќе ве интересира
Зошто линеарното зголемување на пензиите заврши на Уставен?
УХМР ПОВТОРНО ГО ВКЛУЧИ МЕТЕО АЛАРМОТ: најавуваат поројни врнежи од дожд, а можно е да има невреме и силен ветер
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инспектори давале информации за контроли – обвинителството даде детали за новата акција поврзана со „Пулс“
(ФОТО) Мицкоски беше во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, жали што во Пиринскиот дел ја нема таа можност
БИЛА ВО НЕКОЛКУ МАНАСТИРИ: Исчезна девојка од Злетово
ОЈО: Вкупно 11 лица се во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на „Пулс”
Приведени се десетина вработени во УЈП, Коцевски потврди дека се направени претреси на повеќе локации
Адем Чучуљ највисокооценет кандидат за претседател на Антикорупциска
ТАКСИСТ ВО СКОПЈЕ ДОПИРАЛ И БАКНУВАЛ ПАТНИЧКА: 18 годишна Србинка го пријавила во полиција





