15 Декември, 2025
0.0382

Свето Јаневски го купи М-6 од партнерите за 12,5 милиони евра и го освои „Тиквеш“

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Светозар Јаневски целосно ги купи уделите на своите партнери во „М-6“ ДОО Скопје, фирма која контролира 80 отсто од акциите во винарската визба „Тиквеш“, но има висок процент на акции и во „Охридтурист“.

Како што дознава „Фактор“, деновиве е исплатена вкупна сума од 775 милиони денари, односно 12,7 милиони евра кон некогашните соработници и содружници на генералниот директор на АД „Тиквеш“. 

Претходно Јаневски требаше да  им ги доисплати до крај уделите кои што тие ги поседувале во „М-6“ ДОО Скопје, а оваа сума им е префрлена на доскорешните заеднички сопственици Светлана Пендаровска, Мате Настески, Ратко Чадиковски и Снежана Славкова

Во моментов,според податоците од Централниот регистар, Светозар Јаневски има 90 отсто од сопственоста над групацијата „М-6“ Доо со неговата „М-6 Еден“

Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, единствен голем акционер во ВВ „Тиквеш“ е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот „М-6“ ДОО Скопје, кое поседува 80,08 проценти од вкупниот број акции. 

„М-6 Еден“ е во сопственост на семејството на Јаневски, а тој таму е управител. Во моментов „М-6“ Доо поседува 80,08 отсто од акциите на ВВ „Тиквеш“, а Јаневски и неговото семејство во моментов со „М-6 Еден“ поседуваат 90 отсто од „М-6“ Доо. Самиот „М-6 Еден“ поседува 6,53 отсто од акциите на „Тиквеш“. 

Ова значи дека Јаневски ќе има речиси целосна контрола над сопственоста во најголемата винарска визба во Македонија.

ВВ „Тиквеш“ е еден од најголемите производители на вино во Македонија. Во визбата годишно се преработуваат 55 милиони грозје и се произведуваат околу 35 милиони литри вино. Асортиманот опфаќа 24 видови вино, вклучувајќи црвени и бели вина, квалитетно и специјално одбрани типови вина. Вината на „Тиквеш“ се присутни на пазарите во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Европската унија, Русија, Украина, САД, Канада и Австралија. Компанијата во последните три години бележи континуиран раст на добивката.

Добивката за 2024 изнесуваше 4,1 милиони евра

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден