Заменик-министерката Зеколи Шаќири бара правда за прегазениот сопруг, осудениот добил само 7 месеци казна затвор
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2025 12:15
Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири денес на прес-конференција побара правда за сообраќајната несреќа на скопската обиколница кај Радишани, каде што нејзиниот сопруг, велосипедистот Арбер Шаќири, пред три години беше прегазен и го загуби животот.
Зеколи-Шаќири вели дека ѝ е одбиено правото на жалба, откако судот претходно му изрече 7 месеци затворска казна на лицето осомничено за предизвикување на несреќата.
„И во најтешкиот момент, кога беше објавена пресудата, а болката повторно ме совлада, судијката Драгана Исаковска го крена гласот. Го крена гласот кон жена која изгуби сè, само затоа што реагирав човечки. Во тој момент не зборував како професионалец, туку како мајка и скршена сопруга. Излегов со реченица што доаѓаше од мојата душа. Се надевам дека никогаш нема да доживеете таква болка. Денес сум пред вас со врзани раце, законот не ми дава право на жалба, но Обвинителството ми дава и денес јавно се обраќам. Барам жалба на пресудата, барам фер пресуда“, нагласи Зеколи Шаќири.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




